ГОРАН ПАТЧЕВ ДИРЕКТОР НА ЗАВОД И МУЗЕЈ ОХРИД- Градбата кај Студенчишко Блато е под археолошка контрола,не ја известувае јавноста ….!??

Saso
By Saso 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Во врска написот на Охридскај УНИШТЕНА НЕПРОЦЕНЛИВА НАКОЛНА НАСЕЛБА ВО МЕСНОСТА „СТУДЕНЧИШТА“,ЈО ОХРИД, СВР ОХРИД И ЗАВОД И МУЗЕЈ ,МОЛЧАТ,ДО КОГА???  ,конечно по неколку неуспешни обиди да ги добијаме надлежните од Завод и Музеј Охрид, денес успеаве да оствариме контакт со директорот Горан Патчев!

КОНТАКТ СО „ЗАВОД И МУЗЕЈ ОХРИД“ ,НЕВОЗМОЖНА МИСИЈА?

Редакцијата Охридскај пред да ја објави сторијата ,а со цел да добиеме релевантни податоци од надлежните на Завод и музеј Охрид ,цели две недели се обидуваме да оствариме контакт преку официјалните телефонски броеви на музејот Централа+389 (0)46 262 498,+389 (0)46 231 300 и Директор+389 (0)46 231 301. За жал оваа Научна Установа Завод и музеј Охрид ,телефонските броеви им се надвор од функција, а денес од директорот дознавме дека музејот подолго време нема телефонски линии поради неков технички дефект од 1 година ! Да не е смешно, трагично е секако…

Директорот Горан патчев го запрашавме , дали е запознаен со наодите кај Студенчишко Блато ?

Горан Патчев: – Да , слушнав и јас дека сте имале некаков напис, но таму има перманентни контроли од самиот почеток на градба, археолозите дел од откритијата ги испратија на анализа во Германија и се работи за стара населба Пенелопа , која се протега од пристаниште се до делови на Студенчишко блато и таму имаме целосна контрола.

Редакција Охридскај:Доколку имало наоди ,а и вие велите дека има, тогаш зошто тоа го рпавите во тајност , зошто не е запознаена јавноста ,сепак се работи за национално благо од јавен интерес,а согласно Устав граѓаните имаат право да бидат инфорирани?

Горан Патчев:Немаме обврска да ја запознаеме јавноста ,доколку некој не побара од нас телефонски или по пат на Интернет,но ќе спремаме извештај и доколку некој има интерес по пат на меил нека се обрати за Информација од јавен карактер , тогаш ќе му биде дадена…

 

Но се она што е обвиено со вело на некоја мистерија или тајност , секогаш дава можност за соменеш !Очекуваме надлежните да се изјаснат,посебно ОЈО Охрид, СВР Охрид…

- Advertisement -
Ad image

Редакција Охридскај

 

 

- Advertisement -
Ad image
Share This Article