Новак Ѓоковиќ го коментираше соборувањето на рекордот по број на натпревари на Грен слем.
– Секогаш се трудам да дадам се од себе. Над 20 години играм Грен слем на највисоко ниво. Без разлика дали ќе победам или загубам, срцето и душата ги оставам на теренот. Грен слемовите се основата на нашиот спорт, тие се најважното нешто. Ова е историјата на тенисот, токму тие ги мотивираат и најмалите деца. Моето прво сеќавање на тенисот како дете е гледањето на финалето на Вимблдон кога имав четири или пет години. Гренд слемовите се дефинитивно најважните турнири во светот. Имам голема среќа што поставив уште еден рекорд – вели Ноле.
Србинот денеска го одигра својот 430. Грен слем натпревар, надминувајќи го Роџер Федерер.
Во третото коло, поранешниот светски рекет број 1 ќе се соочи со Чехот Томаш Мачац.
Грен слемот во Мелбурн, се игра за награден фонд од 59,9 милиони долари.