Францускиот репрезентативец Килијан Мбапе го доби првиот црвен картон во дресот на Реал Мадрид на натпреварот против Алавес.
Мбапе опасно стартуваше на играчот од средниот ред на домашната екипа, Антонио Бланко, кој на крајот добро се снајде, бидејќи лесно можеше да заврши со скршена нога по стартот на францускиот напаѓач.
Судијата на овој меч, Цезар Сото Градо, првично му покажа жолт картон на Французинот, но откако ги погледна снимките од ВАР ја промени својата одлука.
Тој го исклучи францускиот интернационалец, кој на тој начин го доби петтиот црвен картон во професионалната кариера, а прв во дресот на Реал Мадрид.