Background

Франција, Германија, Велика Британија, Италија, Ирска и Европската комисија вчера имале итен состанок на кој расправале како да одговорат  на зголемениот притисок од американската влада за ослободување на резервите на дизел

Франција, Германија, Велика Британија, Италија, Ирска и Европската комисија вчера имале итен состанок на кој расправале како да одговорат  на зголемениот притисок од американската влада за ослободување на резервите на дизел.

Според она што го објавија европските медиуми кои се повикуваат на сигурни извори, петте земји и ЕК се согласиле дека  „секоја одлука за ослободување на резерви треба да се донесе на ниво на МАЕ (Меѓународна агенција за енергија)“, но исто така се договориле дека треба да се стремат кон „намалување на тензиите при разговори со САД“.

За одлуката на овие земји денеска треба да расправаат и другите земји од ЕУ.

- Advertisement -
Ad image

МАЕ ја координира енергетската политика меѓу богатите земји и го надгледуваше ослободувањето на залихите на нафта претходно оваа година по затворањето на Ормутскиот теснец.

Американските претставници се незадоволни од земјите од ЕУ, бидејќи веруваат дека тие не ги исполниле доволно своите претходни обврски во рамките на координираната акција на Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) за ослободување на резервите на нафта.

Акцијата беше покрената за да се ублажат проблемите со снабдувањето, како и зголемувањето на цените поради војната во Иран и прекините во транспортот низ Ормускиот Проток.

Претседателот на САД Доналд Трамп и министерот за енергетика на САД, Крис Рајт, побараа ослободување на резервите на нафта како алтернатива на воведувањето забрана за извоз, од која ЕУ е во голема мера зависна.

Бараното ослободување на 120 милиони барели дизел во текот на шест месеци би претставувало над една третина од вкупните резерви на ЕУ од основното транспортно гориво. Според најновите достапни податоци на Евростат за мај 2025 година, членките на ЕУ имале околу 39 милиони тони резерви на гасно масло и дизел.

Цените на дизелот во САД растат како резултат на војните во Украина и Иран, што врши притисок врз американскиот претседател Доналд Трамп да ги намали цените пред клучните среднорочни избори.

САД се голем извозник на дизел и моментално обезбедуваат повеќе од половина од увозот на ЕУ – што значи дека забраната би имала сериозни последици за европската економија.

Трамп одби да ја исклучи забраната за извоз и покрај гласното противење од американскиот нафтен сектор.

– Размислувам за тоа. Многу разговарам со министерот за енергетика Крис Рајт и министерот за внатрешни работи Даг Бургам за тоа – тие некако мислат дека тоа ќе му помогне на дизелот, но би можело да ја зголеми цената на други работи – рече Трамп.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖