Новак Ѓоковиќ, по предавањето на мечот од полуфиналето на Австралија Опен против Александер Зверев, конечно одговори на обвинувањата дека го симулирал повлекувањето поради повреда. Србинот го прекина натпреварот откако го загуби првиот сет, жалејќи се на болки во мускулите.
Дел од јавноста веднаш го обвини дека се повлекол само затоа што почувствувал дека натпреварот ќе заврши неповолно за него. Коментарите беа остри, алудирајќи на тоа дека Ѓоковиќ се обидува да избегне пораз на ваков начин.
Сепак, српскиот тенисер не остана без реакција. Тој објави фотографија на која јасно се гледа оштетувањето на мускулното ткиво, придружена со кратка порака: „Само ќе го оставам ова тука, за сите спортски експерти.“
Со ова, Ѓоковиќ јасно покажа дека повредата била сериозна и дека не станува збор за симулација, туку за вистинска спортска неприлика.