Младите во Македонија го напуштаат родителскиот дом на просечна возраст од 30,7 години за разлика од младите во ЕУ, кои си заминуваат на 26,3 години.
Според податоците на Евростат за 2025 година, најдолго во домот на родителите остануваат младите во Хрватска (31,5 години), Грција и Словачка (и двете по 30,9), како и во Шпанија и Италија (и двете по 30,2). Спротивно на тоа, најрано си заминуваат во Финска (21,4 години), Данска (21,8) и во Естонија и Литванија (и двете по 22,7).
Во нашиот регион, пак, младите во Србија остануваат со родителите до 30,1 година, во Босна и Херцеговина до 29,5, а во Бугарија до 27,9 години.

Евростат забележува дека насекаде во Европа има тенденција на подолго останување на младите во домовите на родителите, а тоа го поврзува со стапката на нивната вработеност.
Во повеќето земји, каде што возраста на која младите го напуштаат родителскиот дом е под просекот на ЕУ, стапката на вработеност за лицата на возраст од 20 до 29 години е над просекот на ЕУ.
На пример, во земјите во кои младите имаат тенденција порано да го напуштаат родителскиот дом, како што се Холандија, Данска, Германија и Шведска, стапката на вработеност кај младите е повисока.
Во земјите во кои младите подоцна го напуштаат родителскиот дом, како што се Грција, Хрватска, Шпанија и Италија, стапката на вработеност беше пониска од просекот на ЕУ.
Во Македонија стапката на вработеност на младите во 2025 година била 50,2 %.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
