Европската комисија ја намали прогнозата за економски раст на Европската Унија за 2026 година поради порастот на цените на енергијата предизвикан од кризата во Ормускиот теснец и конфликтот на Блискиот Исток.
Се очекува економијата на ЕУ да порасне за 1,1% оваа година, наместо претходно очекуваните 1,4%, а на еврозоната е дополнително намалена на 0,9%. Инфлацијата во ЕУ се очекува да достигне 3,1% што е за еден процентен поен повисоко од претходната прогноза.
Брисел предупредува дека влошувањето на ситуацијата околу Ормутскиот теснец, еден од најважните светски патишта за транспорт на нафта и гас, сериозно ги загрози економските перспективи на Европа.
Брисел предупредува дека ова е втор голем енергетски удар за Европа за помалку од пет години, по кризата предизвикана од руската инвазија на Украина во 2022 година.
Довербата на потрошувачите падна на најниско ниво во последните 40 месеци, бидејќи граѓаните очекуваат повисоки сметки за греење, електрична енергија и гориво.
Во исто време, компаниите бележат зголемување на трошоците за бизнис и послаба побарувачка, додека Европската комисија предупредува дека инвестициите ќе забават поради поскапите кредити и големата неизвесност на пазарот.
Постојат и стравувања од недостиг на рафинирани нафтени производи, ѓубрива и други индустриски суровини, што би можело дополнително да ги зголеми цените на храната и производството низ цела Европа.
И покрај влошувањето на ситуацијата, Европската комисија смета дека Европа е подобро подготвена денес отколку за време на енергетската криза предизвикана од војната во Украина.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
