Background

Андоновски откри што се случувало зад затворени врати викендов

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во гостувањето во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ информираше дека изминатиот викенд државната инфраструктура била цел на сериозен и софистициран кибернапад.

Станува збор за DDoS-напад насочен кон веб-страниците на Владата, министерствата и националниот портал uslugi.gov.mk, при што преку милиони барања, распределени во подолг временски период, бил направен обид да се предизвика преоптоварување и нарушување на достапноста на системите.

Министерот Андоновски истакна дека институциите навремено ја препознале заканата и реагирале координирано, поради што нападот бил ставен под контрола, без да биде нарушена безбедноста на податоците.

- Advertisement -
Ad image

– Напади ќе има. Мора да бидеме будни. Како членка на НАТО, мора да се однесуваме со највисока сериозност кога станува збор за заштитата на дигиталната инфраструктура и податоците што се дел од државните системи – порача Андоновски.

Според извршените проверки, нема инфилтрирани, украдени или избришани податоци. Државните податоци остануваат заштитени, а нападот не успеал да ги пробие безбедносните механизми поставени за заштита на системите.

Како превентивна мерка, системот бил привремено ставен во заштитен режим околу 20 минути, со цел да се извршат дополнителни проверки и скенирање на состојбата. По завршувањето на проверките, системите биле вратени во нормално функционирање.

Првичните анализи покажуваат дека нападите доаѓале претежно од странство, преку прокси-сервери, со цел прикривање на вистинските траги. Случајот е предаден на Министерство за внатрешни работи, кое ќе ја води понатамошната истрага.

Андоновски нагласи дека овој напад претставува уште една потврда дека кибербезбедноста не е само техничко прашање, туку и прашање на национална безбедност, институционална зрелост и доверба во дигиталните услуги.

– Ова беше сериозен тест за системот, но и доказ дека државата гради капацитети за брз, координиран и ефикасен одговор. Сакам да го пофалам тимот на Министерството, владиниот CIRT и сите економски оператори со кои соработуваме. Заканата беше навремено препознаена, координацијата беше брза, а системите беа вратени во нормала – истакна Андоновски.

Министерството за дигитална трансформација продолжува со зајакнување на националните капацитети за кибербезбедност преку спроведување на Националната стратегија за кибербезбедност 2025–2028, воспоставување јасна законска рамка и развој на институционални механизми за мониторинг, координација и брз одговор на инциденти.

Кибернападите се реалност со која се соочуваат сите модерни држави. Затоа, дигиталната трансформација мора да оди паралелно со силна киберзаштита, подготвени институции и континуирано следење на состојбите во дигиталниот простор.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation