Европјаните ќе возат до Турција без застанување за гранична контрола

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Од денеска се укинуваат контролите на патниците на копнените граници на Бугарија и Романија со земјите од Шенген зоната.

Советот за правда и внатрешни работи на ЕУ ја донесе одлуката за укинување на контролите на 12 декември ,по што унгарскиот министер за внатрешни работи Шандор Пинтер рече дека тоа е „историски момент“.

Бугарија и Романија беа примени во Шенген зоната на 31 март минатата година, но при тоа беа укинати само контролите на внатрешните воздушни и водени гранични премини, додека и натаму останаа во сила проверките на лицата кои ги минуваа копнените граници меѓу двете земји и останатите Шенген држави.

Шенген зоната е најголемата област на слободно движење на стоки и патници во светот. Таа е воспоставена во 1985 година со укинување на граничните контроли меѓу Белгија, Германија, Луксембург, Франција и Холандија.

Денес правилата за слободно движење во Шенген зоната важат во 29 земји – сите членки на ЕУ со исклучок на Ирска и Кипар, како и Исланд, Лихтенштајн, Норвешка и Швајцарија. Зоната се протега на територија на која живеат 420 милиони луѓе. Кипар официјално е дел од областа, но контролите на неговите внатрешни граници кон ЕУ не се укинати, додека Ирска не е членка на Шенген зоната.

Share This Article