Ердоган со писма со сочувство до Сиљановска Давкова и Мицкоски

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Претседателот на Република Туркије, Реџеп Тајип Ердоган упатил писма со сочувство за загинатите во трагедијата што се случи во Кочани до претседателката Гордана Сиљановска Давкова и до претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски.

Од Амбасадата на Турција во РСМ соопштија дека писмо со сочувство испратил и министерот за надворешни работи на Република Турција, Хакан Фидан упатено до министерот за надворешни работи надворешна трговија на Република Северна Македонија Тимчо Муцунски.

„Со длабока жал ја примив веста за лицата кои загинаа и се повредија при пожар што се случи во градот Кочани, Северна Македонија. Изразувам сочувство до Вашата Државничка Висост и сите граѓани на братска и пријателска Северна Македонија, на чело со блиските на загинатите, додека на повредените им посакувам брзо заздравување“, се вели во писмото од турскиот претседател Ердоган.

Турскиот амбасадор Улусој вчера се потпишал во книгата на жалост отворена во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија за лицата кои ги загубија своите животи за време на пожарот во Кочани. Амбасадорот потоа остварил средба и со државниот секретар на наведеното Министерство, Елена Кузманоска, при што изразил сочуство, како и желби за побргу закрепнување на повредените лица.

„Туркије како и во минатото, секогаш е подготвена да му помогне на пријателскиот и братски народ на Северна Македонија, се наведува во соопштението од Амбасадата.

Во Амбасадата на Република Туркије спуштено е на пола копје турското знаме во знак на почит.

Share This Article