Background

Масовно бомбардирање на Украина и Киев, има загинати и повредени, погодени се мостови!

Три лица загинаа, а околу 15 се повредени во рускиот ракетен напад врз три моста во Киев, соопшти утрово градоначалникот на украинската престолнина, Виталиј Кличко. Нападите предизвикаа сериозни проблеми во сообраќајот и прекини во јавниот превоз, додека украинските власти пријавија пожари и штети на инфраструктурата.

Рускиот напад следуваше по заканата на претседателот Владимир Путин дека Москва ќе возврати многу поболно на украинскиот удар врз Кримскиот мост.

Мостовите Подилско-Воскресенскиот, Дарницкиот и Јужниот – биле оштетени во рускиот напад со балистички ракети во текот на ноќта, изјави утрово градоначалникот на украинската престолнина, Виталиј Кличко.

- Advertisement -
Ad image

 

 

Сообраќајот преку Подилско-Воскресенскиот мост во правец кон левиот брег на Днепар е целосно прекинат. На Јужниот мост, пак, сообраќајот е дозволен само во спротивната насока, и тоа за возила со тежина до 10 тони и за возила на јавниот превоз со тежина до 18 тони, пренесе „Укринформ“.

Обемот на штетата на мостовите ќе биде проценет откако ќе заврши воздушната опасност.

Поради недостиг од напон во електроенергетскиот систем, привремено е запрен тролејбускиот сообраќај во делови од областите Печерск, Соломјанск и Холосив. Некои автобуски линии се пренасочени преку Северниот мост.

Кличко ги повика жителите да не ги користат приватните автомобили, освен ако тоа е неопходно, а институциите и компаниите, каде што е можно, да организираат работа од далечина.

Во текот на ноќниот напад врз Киев биле регистрирани седум бранови балистички удари, а пожари избувнале во областите Оболонски и Холосивски.

Москва: Извршен е масовен напад врз украинската воена индустрија и инфраструктура

Руските вооружени сили извршиле масовен напад врз објекти на украинскиот воено-индустриски комплекс, енергетски постројки и транспортна инфраструктура во Киев и во уште неколку региони, соопшти руското Министерство за одбрана.

Според соопштението, во нападот биле употребени високопрецизни оружја од копно, море и воздух, како и беспилотни летала.

„Како резултат на нападот, оштетени се претпријатија на украинскиот воено-индустриски комплекс и складишни терминали за производство и чување крстосувачки ракети, беспилотни летала со долг и среден дострел, енергетски објекти и транспортна инфраструктура во Киев, Киевската, Днепропетровската, Николаевската, Лавовската и Ивано-Франковската област“, се наведува во соопштението, пренесува агенцијата РИА Новости.

Експлозии и во други делови на Украина

Експлозии во текот на ноќта се слушале и во други делови на земјата, а воздушна опасност била прогласена во сите украински региони.

Во Лавов експлозиите се слушнале нешто пред 7 часот, додека украинската противвоздушна одбрана дејствувала во околината на градот. Претходно регионалниот гувернер предупредил дека руски дрон се движи во близина. Експлозии и звуци од дејствувањето на противвоздушната одбрана биле регистрирани и во Ивано-Франковск.

Во Харков била погодена болница во областа Шевченковски. Според градоначалникот Игор Терехов, најмалку четири лица се повредени, а на зградата на болницата биле искршени повеќе од 50 прозорци.

Масовен напад со руски дронови погодил и важен инфраструктурен објект во Криви Рих, на југот на Украина.

Путин најави одмазда за нападот врз Кримскиот мост

Најновиот руски напад следуваше откако рускиот претседател Владимир Путин се закани со одмазда по украинскиот удар врз Кримскиот мост.

Мостот, изграден по руската окупација на полуостровот во 2014 година, претставува важна сообраќајна и логистичка рута за руските сили на окупираните украински територии. Дел од неговата коловозна конструкција се урна по украинскиот напад со ракета „Фламинго“ во ноќта меѓу 16 и 17 ноември.

Путин порача дека рускиот одговор ќе биде значително поболен од украинскиот напад.

– Нашите одмазднички дејствија ќе бидат многу поболни од она што му го направија на мостот. Со денешното прецизно оружје тоа не е толку тешко да се изведе – изјави рускиот претседател.

Русија и во текот на денот пред ноќниот напад изврши обемен напад со дронови врз Киев. Тогаш беа оштетени две европски амбасади, катедралата „Свети Владимир“ и станбени згради. Во нападот загина 26-годишен маж, а пет лица беа повредени.

Нападите продолжуваат и покрај дипломатските активности

Новите руски напади се случија во време на интензивни дипломатски активности. Путин во кинескиот град Шенжен се сретна со американскиот претседател Доналд Трамп и кинескиот претседател Си Џинпинг, а тројцата лидери потпишаа декларација за мир.

Истовремено, украинскиот претседател Володимир Зеленски во Берлин се сретна со лидерите на таканаречената Коалиција на подготвените, каде што разговараа за подготовките за нова рунда преговори меѓу Киев и Москва.

По средбата, Зеленски и европските лидери објавија заедничка изјава во која ја повикаа Русија да прифати прекин на огнот што би ја опфатил енергетската инфраструктура и поморските транспортни коридори во Црното Море.

Путин, меѓутоа, порача дека Москва нема намера да преговара за прекин на нападите врз енергетската инфраструктура ниту за примирје што би се однесувало на поморската трговија.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖