Background

Една цена на рафт, друга на каса: Граѓани од Охрид испратија фискална сметка од „Тамаро“, дали се изигруваат потрошувачите?

Граѓани од Охрид до нашата редакција испратија фотографија на која се гледаат производ, цената означена на рафтот и фискална сметка од познатиот трговски ланец „Тамаро“. Од прилогот се гледа дека цената на рафтот не се совпаѓа со цената наплатена на каса.

Станува збор за чоколадни бомбони Рошен, асортиман Елегант, од 145 грама. На ценовникот на рафтот е истакната цена од 299 денари, додека на фискалната сметка за истиот производ е наплатена цена од 320 денари. Разликата изнесува 21 денар по пакување.

Според податоците на сметката, таа е издадена на 20.09.2026 година во 15:46 часот, во објектот „Тамаро Супер Маркет“ на булевар Туристичка бб во Охрид.

- Advertisement -
Ad image

Иако разликата на прв поглед изгледа мала, потрошувачите се прашуваат дали станува збор за техничка грешка, необновена цена во системот или за намерно изигрување на купувачите. Вакви случаи, доколку се повторуваат, можат да засегнат голем број граѓани кои често не ги проверуваат сметките по купувањето.

Согласно Законот за заштита на потрошувачите, цената што е истакната на производот или на рафтот е обврзувачка за трговецот. Потрошувачите имаат право да бараат производот да им биде наплатен по пониската, односно по истакнатата цена, а во случај на неправилности можат да поднесат пријава до Државниот пазарен инспекторат и до Советот за заштита на потрошувачи.

Од редакцијата ги советуваме граѓаните да ги задржуваат фискалните сметки и да ги споредуваат цените со оние на рафтот пред да ја напуштат касата. Доколку забележат разлика, треба веднаш да побараат корекција или враќање на разликата.

Ги повикуваме од  „Тамаро“ да даде појаснување за случајот и да информира дали станува збор за пропуст во ажурирањето на цените. Нашиот портал ќе го следи случајот и ќе го објави одговорот на компанијата, доколку го добие.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation