Ед Ширан не можеше да ги задржи солзите додека на концертот во Филаделфија зборуваше за бурната недела зад него, откако неговата турнеја се најде во центарот на контроверзите околу Меклмор и неговите изјави за Палестина.
На својот концерт по отстранувањето на Меклмор од американскиот дел од „Loop Tour“, Ширан ѝ се извини на публиката и призна дека последните денови му биле исклучително тешки.
– Правам грешки. Многу, многу ми е жал – рече пејачот, видно потресен.
Ширан потоа отворено зборува и за ситуацијата во Газа, која ја опиша како „катастрофална и без оправдувања“. Тој рече дека ужасите од нападот во Израел на 7 октомври 2023 година и страдањето на цивилите во Газа истовремено му предизвикуваат голема болка, додавајќи дека не сака неговите концерти да бидат простор за политички поделби.
Меклмор беше отстранет од американскиот дел од турнејата откако на настапот на стадионот „МетЛајф“ во Њу Џерси на 4 септември јавно изрази поддршка за Палестина и повика на „Слободна Палестина“. По неговите изјави, повеќе стадиони на кои требаше да настапува му кажале на промоторот дека нема да го дозволат неговиот настап.
Ширан уште пред концертот објасни дека одлуката за отстранување на Меклмор не била негова. Според него, одлуката ја донел промоторот откако неколку американски стадиони се заканиле дека ќе ги откажат концертите доколку раперот остане дел од турнејата. Ширан рече дека во текот на неделата се обидувал да посредува меѓу сите страни.
Откако Меклмор беше отстранет, и останатите предгрупи на турнејата – Финeас, Лукас Греам, Арон Роу и „Беога“ – се повлекоа во знак на солидарност со него. Ширан така остана без досегашните предгрупи за американскиот дел од турнејата и на концертот во Филаделфија настапи без нив.
Во еден момент Ширан се расплака додека зборуваше за тоа колку целата ситуација влијаела врз него. Призна дека дури се прашувал дали турнејата ќе продолжи, дали повторно ќе се качи на сцена и дали воопшто сака да продолжи да биде музичар. „Во вакви ситуации навистина дознавате кои ви се пријатели – рече тој.
На крајот им се заблагодари на фановите што останале со него во периодот на кризата и рече дека концертот повторно му ја вратил надежта. И покрај протестите и поделбите што ја следеа приказната, Ширан им порача на присутните дека сака неговите концерти да останат места каде што луѓето можат да бидат заедно, без оглед на нивните ставови.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
