Background

Две сценарија со кои Македонија може до четвртфиналето

Македонската ракометна репрезентација продолжува да го одржува својот сон за четвртфинале на Светското првенство, откако синоќа оствари значајна победа над Катар со 39:34 во вториот натпревар од втората фаза. Иако шансите за пласман се минимални, математички сè уште постојат опции за историски успех.

Во моментов, Македонија го дели третото и четвртото место со Холандија, двете со по четири бода. Лидер на групата е Франција со осум бода, веќе сигурна за следната фаза, додека Унгарија со пет бода е на второто место. Австрија е петта со три бода, а Катар е на дното без освоени поени.

Сценарија за пласман во четвртфинале

- Advertisement -
Ad image

Нашата репрезентација може да се пласира во четвртфиналето само доколку се исполнат едно од следните сценарија:

– Македонија да ја победи Франција, додека Холандија ремизира или изгуби од Австрија, а Унгарија ремизира или изгуби од Катар.

– Македонија одигра нерешено со Франција, а и Холандија и Унгарија ги загубат своите натпревари.

Иако овие можности изгледаат тешко остварливи, спортската историја покажала дека чуда се случуваат, а македонските ракометари веруваат во својата шанса.

Распоред на натпреварите

Клучниот натпревар меѓу Македонија и Франција ќе се одигра утре во 20:30 часот. Претходно, Австрија и Холандија ќе се сретнат во 15:30, а дуелот меѓу Катар и Унгарија ќе започне во 18:00 часот.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation