Background

Димитриеска-Кочоска вети одговорно и дисциплинирано управување со јавните финансии

Министерството за финансии останува посветено на градење поотпорен, постабилен и поефикасен систем на јавни финансии. Унапредувањето на фискалната рамка е во интерес на економската стабилност и долгорочниот развој на државата.

Ова го порача министерката за финансии Гордана Димитриеска – Колоска на стручна расправа на тема „Ефикасноста на јавните финансии и улогата на фискалните правила во Северна Македонија”, во организација на Фискалниот совет.

– Современото управување со јавните финансии бара долгорочна визија, јасни правила и институционална стабилност коишто овозможуваат предвидливост, дисциплина и одговорност во носењето на одлуките. Фискалната политика во наредниот период ќе се соочи со комплексен предизвик на балансирање меѓу потребата од консолидација и потребата од развој. Затоа е неопходно внимателно управување, силни институции и доследна примена на фискалните правила- рече Димитриеска-Кочоска.

- Advertisement -
Ad image

Таа посочи дека денешната расправа се одвива во фазата на усвојување на Фискалната стратегија за период 2027-2031 година како клучна рамка за среднорочното управување со јавните финансии.

-Оваа стратегија е резултат на јасна определба за одговорно и дисциплинирано управување со јавните средства во услови на зголемени глобални ризици, енергетска нестабилност и потреба од зачувување на макроекономската стабилност. Таа има за цел да обезбеди стабилен и предвидлив фискален пат, без да се наруши економската активност и социјалната сигурност на граѓаните – рече Димитриеска-Кочоска.

Со фискалната стратегија се предвидува постепено намалување на буџетскиот дефицит од 3,5% од БДП во 2027 година на 3% во 2028 година, а потоа на 2,8% во 2029 година, ниво што се задржува и во 2030 и 2031 година.

Ова, според министерката за финансии, претставува јасен сигнал за постепена фискална консолидација и усогласување со европските фискални стандарди, како и за зајакнување на кредибилитетот на фискалната политика.

Таа појасни дека во насока на постигнување на овие цели, Владата ќе спроведува континуирани мерки и на приходната и на расходната страна на буџетот, со цел да се обезбеди одржливост, ефикасност и поголема транспарентност во управувањето со јавните финансии.

– Особено внимание се посветува на зајакнување на наплатата на буџетските приходи преку системски мерки за намалување на сивата економија и подобрување на даночната дисциплина, а се работи на рационализација на расходната страна преку намалување на несуштинските трошоци кај буџетските корисници, со цел јавните средства да се насочат кон политики и проекти со најголем јавен интерес и развоен ефект. Политиките за плати и пензии ќе се водат на начин кој обезбедува зачувување на нивната реална вредност. Стриктната примена и контролата на Законот за јавните набавки треба да обезбеди повисок степен на транспарентност и значајни заштеди на јавни средства – рече  Димитриеска-Кочоска.

Паралелно со ова, додаде таа, се унапредуваат процесите на планирање и реализација на капиталните инвестиции, на кои има се дава приоритет според нивната подготвеност и според нивниот придонес кон економскиот раст и подобрувањето на квалитетот на животот на граѓаните.

Министерката ја истакна и улогата на Фискалниот совет во креирањето на фискалната политика преку своите анализи и мислења.

-Министерство за финансии, ја гледа оваа улога како важен партнерски елемент во креирањето на фискалната политика. Независната експертиза и критичката анализа ја прават политичката одлука  поквалитетна и поодржлива – рече Димитриеска-Кочоска.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation