Џонсон порачува дека не може да има избори во земја под инвазија

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Европа да престане да се скандализира од изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп и да му помогне да стави крај на војната во Украина, објави поранешниот британски премиер Борис Џонсон во денешната објава на Икс.

„Секако дека Украина не ја започна војната. Тоа би било како да кажеме дека САД ја нападна Јапонија во Перл Харбор“, напиша Џонсон, осврнувајќи се на изјавата на Трамп дека Украина ја почнала војната.

„Се разбира, земјата која е подложена на насилна инвазија не треба да организира избори. Немаше општи избори во Обединетото Кралство од 1935 до 1945 година“, напиша тој, како одговор на руското барање, поддржано од Трамп за одржување претседателски избори во Украина.

„Се разбира, рејтингот на Зеленски не е 4%. Тој е всушност ист како оној на Трамп“, посочи Џонсон, алудирајќи на тврдењето на Трамп дека украинскиот претседател Володомир Зеленски има само 4 проценти поддршка во својата земја.

„Изјавите на Трамп немаат цел да бидат историски точни, туку да ги шокираат Европејците, наведувајќи ги на акција“, оценува Џонсон.

 

„САД можат да пристапат до 300 милијарди долари замрзнати руски средства – главно во Белгија. Тоа е готовина што треба и мора да се искористи за исплати кон Украина и за компензација на американската поддршка. Зошто Европа го спречува ослободувањето на парите на Путин? САД веруваат дека Белгија, Франција и други европски земји го блокираат овој процес. Тоа е апсурдно. Мораме да станеме сериозни и тоа брзо“, порача Џонсон.

Share This Article