Background

Курти зборуваше за масакри и неправда, Вучиќ вели дека не се опфатени најтешките злосторства

Косовскиот премиер Албин Курти и српскиот претседател Александар Вучиќ реагираа на првостепената пресуда во Меѓународниот кривичен суд за Хашим Тачи, Кадри Весели, Реџеп Селими и Јакуп Красниќи, но од сосема различни позиции.

Курти ја нарече пресудата „неприфатлива неправда“ и „голема и штетна казна“ и најави поддршка од косовската влада во жалбената постапка. Тој смета дека Специјализираните совети дошле до неправедни заклучоци и дека пресудата не може да се одвои од историскиот контекст во кој се појавила ОВК.

„ОВК не беше избор“

Тој вели дека ОВК не беше избор на народ кој сакал војна, туку одговор на народ кој, угнетен и загрозен за самото свое постоење, барал слобода.

- Advertisement -
Ad image

– Албанскиот народ во Косово доживеал лишување од автономија, исклучување од институциите, протерување од работни места, училишта и универзитети, затворање, тортура и убиства. Потоа дојдоа масакрите, палењето на куќи, масовното протерување на стотици илјади луѓе од нивните домови и геноцид. Ова страдање не беше случајна заднина на војната, туку реалност што го претвори отпорот во прашање на опстанок за еден народ – рече Курти.

„Моноетнички пристап“

Овие оценки се ставови на косовскиот премиер. Курти истовремено го обвини судот во Хаг за селективна правда и за, според него, моноетнички пристап.

Тој порача дека пресудата треба да биде променета во жалбена постапка и најави институционална поддршка за поранешните водачи на ОВК. Во одделна реакција, пренесена од РТС, Курти рече дека пресудата формално може да е изречена „во име на народот на Косово“, но дека тоа, според него, не треба да се поистоветува со волјата на народот.

„Каде се злосторствата против човештвото?“

Српскиот претседател се јави со своја реакција на пресудата. Тој нагласи дека судот ги прогласил четворицата за виновни за воени злосторства, но не и за злосторства против човештвото.

Српскиот претседател посочи дека обвинението содржело 10 точки, од кои шест се однесувале на злосторства против човештвото. Според него, токму тој дел е важен за разбирањето на пресудата, бидејќи по тие шест точки не била утврдена вина.

– По сите шест точки… не е утврдена вина – рече Вучиќ.

Тој потсети дека осудителниот дел се однесува на четири категории воени злосторства: противправно лишување од слобода, сурово постапување, тортура и убиства. Судот утврди кривична одговорност во врска со произволното притворање на 385 лица, суровото постапување кон 49, тортурата на 303 и незаконското убиство на 96 лица.

„А злосторствата по јуни 1999 година?“

Но, Вучиќ посебно се задржа на она што, според него, останало надвор од предметот. Рече дека пресудата не ги опфатила злосторствата врз Србите по 20 јуни 1999 година и дека „Жолтата куќа“ не била дел од обвинението.

Вучиќ рече дека судот не се занимавал со киднапирањата, убиствата и исчезнувањата на Србите.

Вучиќ истовремено оцени дека Србија не треба да реагира со еуфорија на пресудата и дека треба да се почека конечниот исход на постапката.

Во завршниот дел од обраќањето тој зборуваше и за пошироките односи во регионот. Рече дека силните емоции речиси три децении по конфликтите во поранешна Југославија покажуваат колку прашања останале отворени, но и дека идното решение го гледа во разговор и дијалог.

Одлуката на Хаг ја поздравија САД, ЕУ и Велика Британија повикаа да се почитува пресудата на Хаг.

Специјализираните совети на Косово во Хаг ги осудија Тачи и Красниќи на по 25 години затвор, Весели на 18, а Селими на 13 години. Судот ги прогласи за кривично одговорни за воени злосторства, меѓу кои произволно притворање, сурово постапување, тортура и незаконски убиства.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation