Џенифер Лопез отворено проговори за четирите пропаднати брака, а особено за болното разделување од актерот Бен Афлек. Во гостувањето во подкастот Friends Keep Secrets, 57-годишната пејачка и актерка призна дека последниот развод ја погодил исклучително тешко и го опиша како разочарување на секое ниво. Раскажа и дека по раскинувањата имала моменти кога била толку скршена што немала сила ниту да стане од кревет.
– Постојано бев во сериозни врски, една по друга, барајќи ја вистинската личност и надевајќи се дека конечно тоа е тоа – признава Лопез.
Со текот на времето сфатила дека повторува ист образец и дека не може постојано да очекува некој друг да ја пополни празнината што ја чувствува.
– Морав да научам да се сакам себеси – објасни таа.
Пејачката зборуваше и за осаменоста што ја чувствувала и покрај светската слава. Признава дека долго време се чувствувала изгубено и дека луѓето често погрешно претпоставуваат оти познатите личности никогаш не се сами, бидејќи постојано се опкружени со луѓе.
– Луѓето мислат дека постојано си опкружен со други, но некако сепак си осамен – вели Лопез. Токму затоа копнеела по партнер кој искрено сака да биде со неа, а не поради нејзината слава или пари. Сакала човек со кого ќе може вистински да се поврзе, некој што не работи за неа и нема скриени интереси.
И покрај болните искуства, Лопез вели дека денес може да погледне наназад без да се срами од начинот на кој се однесувала во врските. Не тврди дека сè било совршено, но е сигурна дека давала сè од себе и дека сакала искрено. На оние што минуваат низ развод им порача да се однесуваат така што еден ден, кога ќе се навратат на минатото, ќе можат да бидат горди на сопствените постапки.
Лопез досега имала четири брака. Првиот беше со Охани Ноа, од 1997 до 1998 година, потоа се омажи за танчарот Крис Џад во 2001 година, а се разделија во 2003. Нејзиниот трет сопруг беше Марк Ентони, со кого ги има близнаците Макс и Еме. Нивниот брак заврши во 2014 година. Со Бен Афлек првпат се сврши на почетокот на 2000-тите, но ја раскинаа свршувачката во 2004 година. Речиси две децении подоцна ја обновија љубовта и се венчаа во 2022 година. Лопез поднесе барање за развод во август 2024 година, на втората годишнина од нивната венчавка, а разводот беше окончан во 2025 година.
Таа не ја исклучува можноста повторно да се заљуби, но сега поинаку гледа на љубовните врски. По сите разочарувања, вели дека научила важна лекција – среќата не треба да зависи од тоа дали покрај себе има партнер.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
