Background

ДАТА ЦЕНТРИТЕ И ПОБАРУВАЧКАТА НА ЕНЕРГИЈА ЌЕ ГО ПОСКАПАТ БАКАРОТ

Инвеститорите да обрнат внимание на бакарот, повика американската консултантска куќа за инвестиции и финансии „The Motley Fool“. Тие оценуваат дека бакарот се приближува кон клучна пресвртна точка и само во текот на изминатата година, берзанскиот фонд за бакар COPX, забележал раст од 37%.

„Побарувачката за бакар расте. Во исто време, рудниците што стареат произведуваат помалку, а новите количини нема да стигнат на пазарот доволно брзо. Оваа моќна комбинација би можела да доведе до раст на цените на бакарот во текот на наредната деценија“, пишува во анализата, во која се додава дека постојат три фактора кои ќе влијаат на зголемување на цената на бакарот во наредните години, а тоа се дата-центрите, електродистрибутивните мрежи и недоволниот број на гринфилд проекти за ископ на бакар.

Eден таков гринфилд проект за експлоатација на бакар чека на реализација и во Македонија. Според геолошките истражувања наоѓалиштето „Иловица-Штука“ има над 700.000 руден концентрат, со потенцијал за извоз од над 10.000 тони бакар на годишно ниво во период од две децении. Претходно и во анализа на универзитетски професори беше нагласено дека порфириското наоѓалиште на бакар и злато „Иловица-Штука“ останува најголемиот потенцијал за гринфилд рударски проект. Неодамна и професорот Ѓорѓи Димов изјави дека Иловица е едно големо наоѓалиште, коешто голем дел од него е истражено и е многу слично со наоѓалиштата во Грција, бидејќи по генетски тип припаѓаат на ист тип на порфириски наоѓалишта на бакар, иако нашите геолози имаат пресметано поголеми резерви во Македонија.

- Advertisement -
Ad image

Според прогнозата на американската финансиска куќа, големите технолошки компании Alphabet, Amazon, Microsoft и Meta Platforms оваа година трошат 735 милијарди долари на капитални расходи, од кои голем дел се наменети за центри за податоци. Според проекциите на McKinsey, инвестициите во центри за податоци би можеле да достигнат 7 трилиони долари до 2030 година. Бакарот е од суштинско значење за центрите за податоци поради неговата електрична спроводливост и топлинска ефикасност.

„Дата центрите бараат огромни количества бакар. Според Асоцијацијата за развој на употребата на бакар (Copper Development Association), на напредните дата центри може да им бидат потребни и до 50.000 метрички тони бакар. Конвенционалните центри за податоци користат меѓу 5.000 и 15.000 тони бакар. S&P Global предвидува дека побарувачката за бакар би можела да порасне за 50 % до 2040 година, при што побарувачката за бакар за вештачката интелигенција и дата центрите би се зголемила тројно за истиот период“, се потенцира во анализата.

Дополнително, побарувачката за електрична енергија постојано расте. Според анализата на Институтот на Bank of America, се предвидува дека побарувачката за електрична енергија во САД ќе расте со стапка од 2,5% годишно до 2035 година, а раст се очекува и во Европа. Оваа стапка е пет пати повисока отколку во претходната деценија, што ја нагласува итната потреба од надградба на застарената електроенергетска мрежа. Надградбата на електроенергетската мрежа може да трае од четири до 12 години, вклучувајќи го поставувањето нови далноводи, надградбата на трафостаниците и обезбедувањето на електрична енергија. Според Меѓународната асоцијација за бакар, приближно 44% од вкупното количество произведен бакар се користи за производство, дистрибуција и пренос на електрична енергија.

„Исто така, заложбите за системи за обновлива енергија – како што се големите соларни постројки и ветерните турбини – бараат значително поголемо количество бакар по мегават капацитет во споредба со централите. Бакарот е важен за намотките на генераторите и за каблите за пренос на долги растојанија. Денес, енергетските компании се соочуваат со предизвикот да ги заменат старите далноводи, истовремено поврзувајќи ги дистрибуираните извори на обновлива енергија во мрежата“, проценува консултантската куќа.

Третиот фактор што ќе влијае на повисоката цена за металот е влошеното снабдување со бакар. Во Чиле и во Перу, големите производители на бакар се соочуваат со опаѓање на квалитетот на рудата и неопходна е преработка на многу поголеми количини материјал, што ги зголемува оперативните трошоци. Овој предизвик би бил надминат доколку се отвораат нови гринфилд рудници.

„Сепак, во текот на наредните неколку години е предвидено започнување на мал број големи гринфилд проекти. Во рударството, ‘гринфилд’ проектот подразбира развој на сосема ново наоѓалиште на земјиште што претходно не било експлоатирано. Овие проекти можат да обезбедат големи количини бакар на пазарот, за разлика од ‘браунфилд’ рудниците, кои всушност претставуваат проширување на постоечките рудници. Гринфилд проектите станаа реткост. Според ‘S&P Global Market Intelligence’, за ваквите проекти потребни се од 16 до 18 години за да започнат со работа – од почетните истражувања и откривањето, па сè до добивањето на регулаторните одобренија и почетокот на комерцијалното производство“, се истакнува во анализата.

Консултантската куќа заклучува дека пазарите на бакар би можеле привремено да здивнат до крајот на 2027 година, бидејќи постоечките рудници настојуваат да се шират, а послабата градежна активност во Кина ја намалува побарувачката. Но, додаваат дека до 2028 година, структурните ограничувања на понудата би можеле да станат јасни, бидејќи изградбата на дата центри и надградбите на електричната мрежа се забрзуваат. Со оглед на тоа што само неколку големи рудници би биле пуштени во употреба, дефицитите на бакар би можеле да пораснат и да ги зголемат цените до крајот на деценијата.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖