Огромна колона возила утринава го блокира сообраќајот на регионалниот пат кон граничниот премин „Дојран“, а застојот кај Стар Дојран трае веќе четири часа.
Колоната се протега сè до црквата „Св. Илија“ на влезот во Стар Дојран, а од Граничниот премин „Дојран“ информираат дека причината за метежот е огромниот број возила на грчка страна, каде што надлежните служби веќе немаат капацитет да ги примат сите патници.
– Застојот е на грчка страна. Цело време сме во контакт со грчките служби, од каде нè известуваат дека се работи максимално со сите расположливи капацитети, но бидејќи веќе е исполнета и меѓуграничната зона, колоната премина и на наша страна и веќе стигна до црквата „Св. Илија“ – велат од ГП „Дојран“.
Оттаму додаваат дека дополнителен проблем е големиот број возила на граничниот премин „Богородица“, поради што дел од патниците се пренасочуваат кон Дојран, со што дополнително се зголемува гужвата.
– Преполно е и на ГП „Богородица“, па многумина одлучуваат да заминат од таму и да дојдат навака, со што практично метежот се прелева кај нас – велат од граничниот премин.
Од ГП „Дојран“ посочуваат дека почетокот на неделата традиционално носи поголем сообраќаен метеж кон Грција, бидејќи голем дел од туристичките аранжмани започнуваат во понеделник.
Сепак, последните две недели гужвите се значително зголемени, особено поради периодот на крајот на јули и почетокот на август, кога најголем број граѓани го користат годишниот одмор.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
