Background

Бугарските власти очекуваат приход од 500 милиони евра што се согласиле да им ги исплатат најголемите донатори на Украина, како обесштетување за воената помош на Бугарија за Киев

Бугарските власти очекуваат приход од 500 милиони евра што се согласиле да им ги исплатат најголемите донатори на Украина, како обесштетување за воената помош на Бугарија за Киев.

Владата во Софија веќе објави дека добила 174 милиони евра компензација од Данска, како дел од двата договори за испраќање воена помош за Украина, како и дека очекува уште најмалку 300 милиони евра од САД и Европската комисија.

Според властите, овие средства ќе бидат искористени за надоместување на буџетскиот дефицит на Бугарија, кога Софија се обидува да го сведе на три отсто на ниво од националниот БДП со цел земјата да се приклучи на Еврозоната на 1 јануари 2026 година.

- Advertisement -
Ad image

– Со помагањето на Украина, ние всушност си помагаме себеси – изјави бугарскиот министер за одбрана Атанас Запријанов.

Бугарија како помош на Украина и достави воена опрема произведена по советските стандарди и планира средствата од компензацијата што ќе ја добие од сојузниците од НАТО и ЕУ да ја инвестира во набавка на ново западно оружје.

– Воената помош што ја дадовме повеќе не ни е неопходна. Испраќаме се што повеќе не е вклучено во опремата на Армијата – рече Запријанов.

Коментирајќи ги ваквите најави, пратеникот Ивајло Мирчев од партијата Демократска Бугарија, која дел од владината коалиција, оцени дека Бугарија добива „неколку стотици милиони за старо и ‘рѓосано оружје“.

Бугарската Влада не објавува што точно ѝ испраќа на Украина, но, според инсајдерски информации, главната помош се состои од муниција и ракети за системите за противвоздушна одбрана С-300, како и оклопни возила и самоодни хаубици од советско производство и нефункционални ПВО проектили што можат да се користат како резервни делови.

Бугарските воени фабрики се преориентираат кон производство на муниција според стандардите на НАТО, но голем дел од одбранбената индустрија на земјата се уште произведува оружје по советски модел, кои се извезува во Азија, Африка и Блискиот Исток, а од почетокот на руската инвазија и во Украина.

Бугарската одбранбена индустрија во 2023 година остварила приход од извоз од 3,2 милијарди евра, што ја сместува земјата во групата на среден извозници на оружје според светските стандарди.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation