Бронзен медал за Македонија на Светското првенство во хип-хоп и попинг во Киелце, Полска, освои младата танчерка Анастасија Палчевска. Таа се искачи на светскиот подиум со освоеното трето место во категоријата „Битка на сите стилови – јуниори 1“ (All Styles Battles Junior 1).
Палчевска со овој резултат се вброи меѓу најдобрите светски натпреварувачи во својата категорија, донесувајќи ѝ на Македонија значајно меѓународно признание.
Особеноста на категоријата „Битка на сите стилови“ е што натпреварувачите ги покажуваат своите танцови вештини во директни дуели, комбинирајќи различни стилови и импровизација.
„Со својот талент, посветеност и танцови вештини, Анастасија успеа да се искачи на светскиот подиум и гордо да го развее македонското знаме“, се наведува во соопштението.
Успехот на Палчевска претставува поттик и за другите млади танчери во земјава, кои се натпреваруваат на меѓународната сцена.
„Овој медал е уште една потврда дека Македонија има млади таленти кои со својата работа, упорност и љубов кон танцот можат рамноправно да се натпреваруваат со најдобрите во светот“, се додава во соопштението.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
