Велика Британија ќе ѝ испорача 1.000 беспилотни летала со долг дострел на Украина, најави британскиот премиер, Енди Барнам синоќа на состанокот на Коалицијата на подготвените во Берлин.
Тој посочи дека новиот пакет воена помош за Украина изнесува 311 милиони евра.
„Пакетот вклучува беспилотни летала со дострел поголем од 1.000 километри, способни да носат тешки боеви глави, што ќе ѝ овозможи на Украина да изврши напади врз капацитети за воено производство и други легитимни воени цели длабоко зад линијата на фронтот“, се наведува на веб страницата на британската влада.
Барнам наведе дека е одлучен да ѝ обезбеди на Украина можност да се одбрани од руските напади, како и систематски да ја таргетира критичната национална инфраструктура на Русија.
По минатомесечната посета на украинскиот претседател Володимир Зеленски на Лондон, Велика Британија почна со испорака на лесни, повеќенаменски ракети, што се покажале како исклучително ефикасни против руските беспилотни летала опремени со млазни мотори.
„Благодарение на овие испораки и поддршката од партнерите во Коалицијата на подготвените, Украина сега соборува речиси 70 отсто од беспилотните летала со млазни мотори, во споредба со 30 отсто на почетокот на септември“, се истакнува во соопштението на британската влада.
Tagged as:
БРИТАНИЈА ЌЕ Ѝ ДАДЕ 1.000 ДРОНОВИ СО ДОЛГ ДОСТРЕЛ НА УКРАИНА
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
