Британската агенција за здравствена безбедност (UKHSA) издаде предупредување за ниски температури за цела Англија.
Предупредувањата ќе важат до следната среда, а се очекува бројот на смртни случаи да се зголеми, особено кај лицата над 65 години и оние со постоечки здравствени проблеми, пишува „Sky news“.
Шефот на Одделот за екстремни временски настани и здравствена заштита во УКХСА, Агостињо Суза, апелираше до граѓаните да ја проверат состојбата на нивните пријатели, роднини и соседи.
Зимските услови влијаат и на железничкиот сообраќај во делови од Шкотска.
Железничката компанија „ScotRail“ (ScotRail) информира дека пругата меѓу Инвернес и Дингвол на северот на Шкотска ќе биде затворена најмалку до сабота попладне поради лизгање на земјиштето и поплави.
Исто така, British Rail соопшти дека возовите меѓу Манчестер, Пикадили и Шефилд ќе бидат пренасочени поради поплави.
Прекините во сообраќајот на некои северни линии се очекува да траат до 6 јануари.