Background

Австралиски знамиња по грешка беа развеани во Вашингтон, пред посета на кралот Чарлс – потег што многумина го оценија како комичен, почетнички кикс

Австралиски знамиња по грешка беа развеани во Вашингтон, пред посета на кралот Чарлс – потег што многумина го оценија како комичен, почетнички кикс.

Низ главниот град беа поставени стотици национални знамиња за добредојде на британскиот монарх, меѓу кои британски и американски обележја. Но, некако меѓу нив се најдоа и 15 австралиски знамиња.

Фотографии покажуваат групи австралиски знамиња поставени на црни канделабри во близина на Белата куќа и зградата на Извршната канцеларија на Ајзенхауер.

- Advertisement -
Ad image

Забуната најверојатно произлегла од самиот дизајн: австралиското знаме го има британското знаме „Јунион Џек“ во горниот лев агол, но се разликува по шесте бели ѕвезди на сина позадина.

Грешката била брзо исправена и знамињата биле отстранети, изјавил претставник на Одделот за транспорт на Ди-Си за Ројтерс.

Инцидентот предизвика бројни реакции на интернет, каде многумина се потсмеваа на забуната.
Не можеле да одвојат ни 15 секунди да прогуглаат „знаме на Обединетото Кралство“?

Сепак, имаше и такви што посочија дека знамето од земјата Даун андер“ (Австраија) и не би било толку несоодветно.

Кралот Чарлс пристигна во САД во понеделникот во четиридневна државна посета по повод 250-годишнината од потпишувањето на Декларацијата за независност. Заедно со сопругата, кралицата Камила, тој ги посети Вашингтон, Њујорк и Вирџинија.

Фото: Принтскрин

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation