Густата магла ги откажа слетувањата на аеродромот во Скопје, а откажани се и дел од денешните летови.
Иако нешто по 16 часот требаше да слетаат три авиони во Скопје, сепак авионите од Анталија, Мемингем и од Баден Баден беа принудени да слетаат на друга локација.
Тој од Мемингем беше пренасочен кон Приштина, а од Баден Баден слета во Софија.
Авионот од Варшава не успеа да слета во Скопје и се врати во Варшава.
Откажани се летовите за Малме и Истанбул.
Видливоста е 200 метри.