Background

Авиокомпанијата официјално побара да ја одржува линијата

Авиокомпанијата Изиџет формално поднесе документи во министерството за линијата Скопје-Париз до аеродромот „Орли”, кој што е најблиску до центарот на Париз, изјави министер за транспорт Александар Николоски.

– Конечно ќе се воспостави и директна линија од Скопје до Амстердам, што е огромна можност за туризмот, со оглед дека Македонија е популарна дестинација за Холаѓаните – вели Николоски.

Николоски додаде и дека во наредниот период се очекува да бидат потврдени уште 3-4 дестинации до кои ќе се лета од македонските аеродроми.

- Advertisement -
Ad image

Во однос на состојбата која ја затекнал на аеродромите во државата тој рече дека тие биле во лоша состојба во однос на конкуренцијата.

-Во услови каде приштинскиот аеродром го заминува скопскиот, а охридскиот ќе добие сериозна конкуренција во аеродромот во Валона кој што се гради во моментов, како и во помалите грчки аеродроми во северниот дел на Грција, сфатив дека мора да направиме драстична промена. Таа промена ја направивме со политиката на субвенционирање на летови, каде што прво субвенциите ќе одат по патник кој што доаѓа во Македонија, а не по патник кој што заминува од државата, како што правела претходната власт. Второ, драстично се зголемени субвенциите, и за охридскиот аеродром се повисоки од скопскиот, со цел привлекување на туристи. Тоа ги даде првите резултати и веќе имаме 8 нови линии. Од Скопје ќе се лета до Дубаи, Барселона, Лион и Штутгарт, а од Охрид како дестинации се потврдени Базел и главниот аеродром во Истанбул”, истакна Николоски, кој додаде дека поврзувањето со овој аеродром во Истанбул веќе донесе и резервации на карти од Сиднеј, Вашингтон, Торонто и други светски метрополи до Охрид – рече  Николоски.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation