Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел ќе учествува во изборот за нов претседател на Германија следната година како претставник на конзервативната партија Христијанско-демократска унија (ЦДУ).
Веста за вклучувањето на Меркел во изборот денеска ја пренесоа неколку медиуми.
Функцијата претседател во Германија е главно церемонијална, а претседателот се избира од страна на сите членови на Бундестагот (долниот дом на парламентот), заедно со еднаков број претставници избрани од парламентите на 16-те германски сојузни покраини.
Наследникот на актуелниот претседател, Франк-Валтер Штајнмаер, ќе биде избран на 30 јануари 2027 година.
Коалициската влада, составена од конзервативците на канцеларот Фридрих Мерц и социјалдемократите, сè уште нема постигнато договор за заеднички кандидат, пренесува ДПА.
Поранешната канцеларка Меркел, која ќе ја претставува ЦДУ од северната покраина Шлезвиг-Холштајн, неодамна изрази став дека на местото на Штајнмаер треба да дојде жена.
– Во 77-годишната историја на Сојузна Република Германија никогаш немало жена на функцијата сојузен претседател. Секој треба да се запраша дали, конечно, не е дојдено времето за тоа – изјави неодамна Меркел во интервју за Магента ТВ.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
