КОЈ ГО ГЛЕДА БИСЕРОТ НА ОХРИД? Панделевски, Алта банка и 50 милиони евра: Што пишуваше Охридскај, што е докажано и што мора да одговорат институциите
По одземената дозвола на Алта банка Белград и администрацијата во Алта банка Битола, претходните текстови на Охридскај за Охридтурист, ЗОИЛ Битола и Стопанска банка добиваат ново значење. Ова е преглед на она што е објавено и на прашањата што, за сега, остануваат без одговор.
Српската Алта банка ја презеде Стопанска банка АД Битола и ја преименува во Алта банка АД Битола. Народната банка на Србија ѝ ја одзеде дозволата на белградската банка. Македонската Народна банка воведе администрација во битолската банка и лимит од 10.000 денари неделно за физичките лица. Гувернерот соопшти дека правните лица привремено не можат да префрлаат средства надвор од банката ниту да повлекуваат готовина.
Цветан Панделевски е поранешен акционер на Стопанска банка Битола. Тој е и акционер во ЗК Пелагонија, која е во постапка пред отворање стечај,а попатно со кредит во Алта Банка од 5.000.000 евра. Тоа се јавно познати податоци.
Охридтурист. Охридскај објави дека серија продажби на мнозинскиот пакет акции на АД Охридтурист пропаднале. Според текстот, пакетот се нудел на странски инвеститори, потоа на едно семејство и на еден голем градежен инвеститор, без резултат. Следниот потенцијален купувач, според информациите на редакцијата, бил Цветан Панделевски, заедно со Анета Ѓоргиев. Тој наводно ги обиколил главните објекти (Десарет, Љубаништа, Палас, Летница и Охриент) и најавил „длабинско скенирање“ на имотот. Бараната цена за 51% била 38 милиони евра, додека вкупната вредност на друштвото се прикажува како 22 милиони евра. Редакцијата ги наведе и правните пречки: правосилна пресуда на вториот акционер, Екстра Скопско, за поделба на имотот, државен удел од околу 12 милиони евра и пет помали акционери. Тврдењето дека Панделевски дејствувал во корист на Алта банка и Андреа Вучиќ редакцијата го презентира како тврдење, а не како утврдена вистина.
ЗОИЛ Битола. Во април 2026 Охридскај пишуваше за купувањето на осигурителната компанија ЗОИЛ Македонија Битола, во блок-трансакција од 104.881.800 денари (околу 1,7 милиони евра) за 60.000 акции, односно 100% од капиталот. Според текстот, Анета Ѓоргиев една година претходно се претставувала како купувач и испраќала ревизори, но понудите ѝ биле одбиени, а потоа претставници на Алта банка пристигнале со приватен авион и побарале само завршни сметки. Редакцијата ги постави прашањата дали Ѓоргиев работела за Алта банка и дали парите поврзани со поранешниот директор на ЕЛЕМ, Васко Ковачевски, нашле пат во зделката. Во подоцнежниот текст беше објавено дека компанијата по купувањето нема органи на управување, директор ни полиси, што според Законот за супервизија на осигурување, наводно, е законско прекршување што го надгледува АСО.
Овие тврдења не се потврдени од надлежен орган:
Нема документ што ги поврзува овие нишки,што незначи дека итрагата во Р.Србија нема да дојде до звучни имина од Северна Македонија. Тие се хипотези што редакцијата ги поставува како прашања, и така мора да се третираат.
Откако Алта банка Белград падна, најважното прашање не е само што било планирано, туку и каде се парите. Некои од клучните точки:
Охридскај долго ја следи оваа тема и постави прашања што само сега, по падот на Алта банка Белград, добиваат вистинска тежина. Но разликата меѓу прашање и обвинение остава граница што не смее да се премине. Институциите имаат обврска да одговорат. Сè додека не одговорат, нишките остануваат нишки.
Сашо ДЕНЕСОВСКИ
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
