Администрацијата на американскиот претседател во заминување, Џо Бајден, планира да воведе дополнителни санкции кон Русија поради нејзината војна со Украина

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Администрацијата на американскиот претседател во заминување, Џо Бајден, планира да воведе дополнителни санкции кон Русија поради нејзината војна со Украина. Санкциите ќе бидат за танкерите кои превезуваат руска сурова нафта за повеќе од од 60 долари за барел, горната граница на цената на Запад, изјавија два извори запознаени со ова прашање.

Се верува дека рускиот лидер Владимир Путин има флота од стотици бродови со кои ги заобиколува санкциите. Од почетокот на војната во 2022 година десетици бродови веќе беа санкционирани, јави Ројтерс.

На 20 јануари во Белата куќа ќе биде инаугуриран новоизбраниот претседател Доналд Трамп и не е јасно каков пристап тој ќе има кон санкциите за Москва.

Во меѓувреме Русија пренасочи дел од продажбата на сурова нафта кон Кина и Индија кои ја купуваат нафтата со попуст.

Исто така, администрацијата на Бајден планира да ги олесни ограничувањата за хуманитарната помош за Сирија, забрзувајќи ја испораката на основните резерви без укинување на санкциите кои ја ограничуваат другата помош за новата влада во Дамаск.

Share This Article