Background

Министерот Серафимовски во одговор на пратеничко прашања за субвенциите

Пратеничката Бисерка Златеска од ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања побара од министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Борче Серафимовски информации за динамиката на исплатата на субвенциите за земјоделците.

– Земјоделството е егзистенција за илјадници семејства. Тоа е домашно производство на храна. Тоа се цели семејства кои зависат од тоа дали нивниот род ќе биде откупен, по која цена ќе биде откупен и подеднакво важно кога ќе ги добие средствата што им следуваат – рече Златеска.

Таа нагласи дека субвенциите за земјоделците не треба да се гледаат само како буџетска ставка, бидејќи од нив зависат набавките на семе, ѓубриво, гориво и заштитни средства.

- Advertisement -
Ad image

– Затоа секогаш кога зборуваме за субвенциите мора да имаме предвид дека не зборуваме само за буџетски средства. Зборуваме за пари, кои за еден земјоделец значат набавка на семе, ѓубриво, гориво и заштитни средства – рече пратеничката.

Одговарајќи на прашањето, министерот Серафимовски изјави дека годинава се исплатени околу 6,512 милијарди денари, односно околу 90 проценти од вкупно предвидените 7,295 милијарди денари за финансиска поддршка во земјоделството.

– Земјоделците од државата очекуваат навремена исплата, а не нови оправдувања. Затоа, откако ја презедов функцијата на 13 јули оваа година, реализиравме седум одделни исплати во вкупен износ од 1 милијарда 227 милиони денари – рече Серафимовски.

Тој посочи дека меѓу исплатите има 85,7 милиони денари за 1.159 одгледувачи на кози, околу 372 милиони денари за 4.284 одгледувачи на говеда и околу 13 милиони денари за производители на тутун кои претходно биле ставени под контрола поради здравствени барања.

– На 23.874 полјоделци им се исплатени приближно 462 милиони денари, а на 10.754 производители на градинарски култури околу 217 милиони денари. Органското производство го поддржавме со две исплати во вредност од околу 77 милиони денари – нагласи министерот.

Серафимовски рече дека Владата паралелно работи и на расчистување на заостанатите обврски од претходните години, при што, според него, во системот имало неисплатени обврски уште од 2020 година.

– Кога оваа Влада ја презеде одговорноста во 2024 година, во системот имаше неисплатени обврски уште од 2020 година. Старите долгови не ги користиме како оправдување, туку ги затвораме паралелно со тековните обврски – рече тој.

Министерот најави и засилени контроли на доделените субвенции. Според него, досегашните проверки откриле нереални приноси, неправилности кај дел од земјоделските стопанства и злоупотреби во сточарството.

– Нема да дозволиме парите на вистинските земјоделци да завршуваат кај ловците на субвенции. Секој денар од буџетот ќе следи за реално производство, а секоја утврдена злоупотреба ќе повлекува одговорност – нагласи Серафимовски.

Тој додаде дека контролите на терен, вкрстувањето на податоците и користењето сателитски снимки треба да овозможат поефикасна проверка на пријавените површини и производствените капацитети.

– Засилената контрола не е насочена против земјоделците, туку во нивна заштита. Секој исплатен денар за непостоечка површина, нереален принос или грло што фактички не постои значи помалку средства за оние што навистина произведуваат – рече министерот.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation