Background

ПОЧНУВА ПОДГОТОВКАТА ЗА ПРОБИВАЊЕ НА ПЕТТЕ ТУНЕЛИ ДО БЛАЦЕ

Договорот за изградба на автопатот Скопје – Блаце е склучен во вредност од 191 милион евра, а подготвителните работи на терен се завршени и започнати се активностите за изградба на петте тунели на трасата. Ова го истакна министерот за транспорт и вицепремиер Александар Николоски, одговарајќи на пратеничко прашање од Илир Хасани од „Европскиот фронт“ во Собранието.

Николоски појасни дека сумата од 191 милион евра се однесува на договорот за изведба, додека во повисоките износи што се споменуваат во јавноста се вклучени и трошоците за надзор, техничка поддршка, како и 15 проценти непредвидени средства, согласно правилата на Европската банка за обнова и развој. Тој нагласи дека тоа не значи дека целиот предвиден износ задолжително ќе биде потрошен.

Според вицепремиерот, споредбите со претходно изградената делница од два километра не се соодветни, поради значителното зголемување на цените во градежништвото по пандемијата и енергетската криза.

- Advertisement -
Ad image

– Цените во градежништвото пред корона-кризата и по неа не се исти. Доволно е да се види движењето на цените на нафтата и битуменот за да се разбере зошто се зголемени трошоците – истакна министерот.

Николоски посочи дека француската консултантска компанија „Сафеж Суез“, ангажирана за проектот, претходно проценила дека изградбата на трасата би чинела околу 260 милиони евра, додека актуелниот договор е значително понизок.

– Она за што зборував од собраниската говорница беа документи и факти што ги презентирав во два дела. Едниот се однесуваше на новата траса што ја понуди претходното раководство на Јавното претпријатие за државни патишта. Не јас, туку официјалниот консултант, реномираната француска компанија „Сафеж Суез“, предвидуваше дека проектот на крајот ќе чини 260 милиони евра. Тоа го има во документ што го презентирав од оваа говорница. Еве, гледате дека ние добивме понуда од 191 милион евра, што е значително помалку од 260 милиони евра колку што предвидуваше „Сафеж Суез“ – рече Николоски.
Осврнувајќи се на експропријацијата, министерот рече дека сопствениците на земјиштето ќе бидат обештетени според пазарните цени, кои, зависно од категоријата на земјиштето, се движат од 50 до 100 евра за квадратен метар.

Тој нагласи дека автопатот има пошироко регионално и економско значење, бидејќи ќе овозможи подобро поврзување на земјата со Косово, Црна Гора и пристаништата во Солун, Драч и Бар.

– Овој автопат значи отворање на државата кон три пристаништа. Ние веќе сме поврзани со пристаништето во Солун, интензивно работиме на поврзување со пристаништето во Драч, а со ова се отвора и можноста за поврзување со пристаништето во Бар, што многу значи за нашата економија – изјави Николоски.

Тој информираше дека на изведувачот му е исплатен аванс, а во тек се подготовките за пробивање на сите пет тунели на трасата. За таа цел се обезбедуваат специјализирани машини за тунелско пробивање, кои се увезуваат од странство.

Николоски очекува сите пет тунели да бидат пробиени во период не подолг од една година, по што ќе следуваат работите за нивно внатрешно уредување.

Во однос на железничкото поврзување со Бугарија, вицепремиерот најави дека следниот петок ќе се сретне со бугарскиот министер за транспорт и врски, со цел да се финализираат разговорите за прашањето на прекуграничниот железнички тунел.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖