На охридскиот плоштад, во самото срце на градот, некогаш стоел еден од поголемите црковни храмови во Охрид: Свети Димитриј. Денес на тоа место стои само времен параклис. Затоа најавуваме граѓанска иницијатива за обнова и изградба на храмот и истовремено упатуваме јавен апел до Општина Охрид и Владата на Република Северна Македонија за поддршка и содејство.
Свети Димитриј е православна црква на охридскиот плоштад, една од двете охридски цркви што го носат името на светецот. Темелите укажуваат дека се работи за ранохристијанска црква од VI век, која постоела до доаѓањето на Турците. Во XIII–XIV век била урната, а врз нејзините темели била изградена џамија, која постоела до 1947 година, кога била разрушена.
Во 1961 година археолозите Вера Битракова и Елена Чипанова, при истражувањето на темелите, утврдиле дека тука била црквата. Тогаш биле пронајдени иконата на Свети Димитриј и средишниот мермерен столб. Обидите за обнова наишле на отпор, а црквата во повеќе наврати била и ограбувана.
Според проектот, основата на храмот е 17,5 м во должина и 12,5 м во широчина, на две височини, со пет куполи и камбанарија со градски часовник. Димензиите се засноваат на преданијата за изгледот на старата црква. Храмот треба да се изгради на локација што опфаќа дел од терасата на Летница и дел од градскиот плоштад.
Патрониот празник Митровден и денес се слави во Охрид. Во времениот параклис луѓето палат свеќи . Ова покажува дека сеќавањето и верата во градот се живи.
Иницијативата ќе ги обедини граѓаните, верниците, историчарите, архитектите и сите кои го сакаат Охриди културното наследтво. Нејзините први чекори се:
До: Општина Охрид
До: Владата на Република Северна Македонија
До: Министерството за култура, Управата за заштита на културното наследство, Македонската православна црква, Охридска архиепископија
Почитувани,
со почит и во дух на дијалог, Ве молиме:
Охрид е град на светлината и на светците. Верувате ли дека храмот Свети Димитриј треба да се врати? Поддржете го апелот, потпишете и споделете.
Охридскај
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
