Педесет и петгодишен охриѓанец е приведен под сомнение дека предизвикал пожар во својот стан на улицата Гоце Делчев во Охрид. Осум лица биле пренесени во Општата болница откако се здобиле со повреди или имале тешкотии со дишењето.
Пожарот бил пријавен на 26 ноември, по што на местото веднаш интервенирале полициски службеници, пожарникари од Територијалната противпожарна единица во Охрид и медицински екипи.
Поради опасноста, повеќе жители на зградата биле евакуирани. Осум лица со возила на Итната медицинска помош биле пренесени во Општата болница во Охрид поради повреди и проблеми со дишењето.
Полицијата го привела Ц.Н. (55) од Охрид, кој се сомничи дека го предизвикал пожарот во сопствениот стан.
Од полицијата информираат дека во координација со другите надлежни служби се преземаат дополнителни мерки за поддршка на станарите и за смирување на состојбата.
Против 55-годишникот ќе биде поднесена кривична пријава за „Предизвикување општа опасност“, откако ќе бидат утврдени сите околности на пожарот.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
