Софија Вергара доби споменик каков што ретко кој може да си замисли – бронзена статуа висока повеќе од седум метри, со нејзините препознатливи облини во преден план. Актерката, која светската слава ја стекна со улогата на Глорија во серијата „Модерно семејство“, конечно застана покрај својата монументална двојничка во родната Баранкиља, Колумбија.
Статуата беше свечено откриена уште во јули минатата година, но Вергара тогаш не можеше да присуствува. Сега, на 54-годишна возраст, актерката ја виде за првпат во живо, а фотографиите од средбата веднаш го обиколија светот. Бронзената убавица е висока 7,3 метри и тежи шест тони, а ја изработил локалниот уметник Јино Маркес.
За свеченоста Вергара избра долг син фустан со корсет и чипкани детали, кој речиси совршено се совпадна со облеката на нејзината бронзена верзија. Со тоа, актерката практично се појави во исто издание како и статуата.
Нејзиниот роден град ѝ ја додели и највисоката градска почест, титулата „Истакната граѓанка на Баранкиља“, како признание за нејзината успешна кариера и за промоцијата на Колумбија во светот. На свеченоста ја пречекаа градоначалникот Алехандро Чар и неговата сопруга Катија Нуле, која на актерката ѝ подари традиционален турбан.
Вергара, која во јули наполни 54 години, се прослави во Холивуд со улогата на темпераментната Глорија Делгадо-Причет во „Модерно семејство“, за која доби четири номинации за наградата „Еми“. Во последните години ја гледаме и во серијата „Гризелда“, а од 2020 година е членка на жирито на шоуто „America’s Got Talent“.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
