Background

Државната ЕСМ понуди цена од 65 евра за мегават за 70% од струјата и 74 евра за мегават за останатите 30%

Државната компанија ЕСМ понуди цена од 65 евра за мегават час за 70% од струјата која законски треба да ја обезбеди за ЕВН и цена од 74 евра за мегават час за преостанатите 30% струја што ЕВН треба да ги обезбеди на слободен пазар.

Информацијата ја сподели ЕВН хоум по отворањето на понудите на тендерот за набавка на струја за следната година.

ЕВН хоум, универзален снабдувач, според Законот за енергетика сега треба да ја пресмета крајната цена за домаќинствата и малите фирми согласно Тарифниот систем и пресметковните елементи што ги утврдува Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

- Advertisement -
Ad image

Покрај цената на струјата која ја понуди ЕСМ во крајната цена влегува и максималниот дозволен приход на снабдувалот кој го пресметува Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) врз основа на трошоците за набавка на електрична енергија, оперативните трошоци и корекциите од претходни периоди.

РКЕ ја пресметува и висината на надоместок за пренос и дистрибуција (мрежарина). Ова е цената за користење и одржување на преносната (МЕПСО) и дистрибутивната мрежа (Електродистрибуција). Двете компании доставуваат извештаи за трошоците до Регулаторната комисија која потоа одлучува колку од тие трошоци ќе прифати.

Мрежарината е дел од крајната сметка за струјата и се наплаќа по потрошен kWh, без разлика дали струјата е потрошена во скапа или евтина тарифа. Во цената влегуваат и законските давачки.

Цената на струјата за крајниот потрошувач ЕВН ја пресметува според Тарифен систем и блокови – За домаќинствата со двотарифно мерење, потрошувачката се дели на ниска тарифа (НТ) и висока тарифа (ВТ), при што високата тарифа се пресметува во четири прогресивни блокови (за период на отчитување од 30 дена).

По доставувањето на сите влезни параметри и барања од енергетските компании (МЕПСО, Електродистрибуција и ЕВН Хоум), Регулаторната комисија за енергетика ја одобрува крајната цена.

Конечната цена на електричната енергија за домаќинствата за 2027 година ќе биде официјално позната во втората половина на декември 2026 година (најдоцна пред крајот на годината, за да стапи на сила од 1 јануари 2027 година).

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖