На социјалните мрежи се прошири приказна за наводна љубовна врска меѓу 28-годишниот Џејден Смит, син на холивудскиот актер Вил Смит и 82-годишната француска модна креаторка Мишел Лами. Според објавите, Џејден и Лами не само што се во врска, туку се и свршени.
Секако, станува збор за целосна измислица. Американските медиуми, меѓу кои и ABC 10News, ја провериле виралната приказна и утврдиле дека нема основа за тврдењата.
Сè започнало со наводна посета на Џејден Смит на домот на Мишел Лами, но набргу интернетот ја претворил приказната во бизарна љубовна романса. Се појавија објави дека двајцата се свршиле, дека се бакнувале, па дури и дека таа му ветила 80 отсто од своето богатство.
За дополнително да ја направат приказната уверлива, на интернет се појавија и фотографии и видеа на кои тие се заедно во романтични ситуации. Иако фотографиите се создадени со вештачка интелигенција, сè уште има луѓе кои веруваат во нивната веродостојност.
Мишел Лами е позната француска модна креаторка, уметница и претприемачка, која со години соработува со дизајнерот Рик Овенс. Двајцата се во брак од 2006 година и заедно ја водат модната компанија Owenscorp.
Џејден Смит е американски актер, рапер и музичар, син на холивудските ѕвезди Вил Смит и Џејда Пинкет Смит, а светската публика го запозна уште како дете, покрај татко му во филмот „The Pursuit of Happyness“ (2006) и „After Earth“ (2013).
Имаше и главна улога во филмот „The Karate Kid“ (2010), во кој глумеше со Џеки Чен. Покрај актерството, гради и музичка кариера, а во 2025 година доби и нова улога во модниот свет – беше назначен за прв креативен директор на машката колекција на француската луксузна модна куќа Christian Louboutin.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
