Унгарија бара финансирањето на Украина да се одвои од седумгодишниот буџет на Европската Унија. Ова го изјави премиерот на Унгарија Петер Маѓар по состанокот на лидерите на Вишеградската група (В4) со канцеларот на Австрија во Братислава.
Маѓар истакна дека Унгарија, како и Словачка, Полска, Чешка и Австрија, ќе продолжи да ја поддржува Украина. Сепак, за него е неприфатливо помошта да се наметнува како задолжителен дел од веќе оптоварениот европски буџет, да се користи како закана или да се поставува како услов, објави унгарската новинска агенција МТИ.
Покрај Унгарија, забелешки на предлогот имаат и Чешка, Словачка, Полска и Австрија. Во предлог-буџетот кој го претстави Антонио Кошта е задржана посебна финансиска резерва од 100 милијарди евра за Украина.
Сличен став има и премиерот на Чешка Андреј Бабиш, кој побара финансирањето на Украина да се издвои од седумгодишниот буџет на ЕУ. Премиерот на Словачка Роберт Фицо, пак, го обвини канцеларот на Германија Фридрих Мерц за уцена поради условувањето на буџетот со финансиската поддршка за Киев, објави Ројтерс.
По состанокот на Вишеградскаа група, премиерот на Унгарија изрази сомнеж и во целисходноста на претстојниот самит на ЕУ во Брисел. Според него, состаноците закажани за четврток и за петок се непотребни доколку не се приближат преговарачките позиции на членките.
Унгарија, според премиерот, не е притисната од времето. По повеќегодишната недостапност на средствата од европските фондови за време на претходната влада, земјата добила 16 милијарди евра што треба да ги искористи.
Маѓар побара при распределбата на парите да се земат предвид специфичните околности на земјите од Централна Европа. Тие, според него, се повеќе изложени на последиците од војната во Украина, на миграцискиот притисок и на високите цени на енергијата.
Унгарскиот премиер ја поддржа и иницијативата на Чешка за преиспитување на европскиот систем за тргување со емисии (ЕТС) и за одложување на примената на системот ЕТС2. Земјите од Вишеградската група не ги оспоруваат климатските цели, но не прифаќаат дополнителни трошоци за населението и за транспортниот сектор без надомест.
Лидерите на Вишеградската група и на Австрија се заложиле и за строг пристап кон миграцијата. Маѓар потсети дека Унгарија од 2015 година потрошила милијарди евра за заштита на својата јужна граница.
Предлогот за буџетот на ЕУ за периодот 2028–2034 година, кој го претстави претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта, Маѓар не го смета за основа за преговори.
Tagged as:
Земјите од Централна Европа имаат сериозни замерки за буџетот на ЕУ
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
