Грција предвидува казна од 2.000 евра и одземање на возачката дозвола на 60 дена за нечитливи регистарски таблички. Ова е една од најстрогите мерки во предлог-законот што го подготви Министерството за инфраструктура и транспорт на Грција.
Предлогот беше ставен на јавна расправа на 21 ноември, објави грчкиот јавен радиодифузен сервис ЕРТ.
Казната би се применувала доколку табличките не се јасно видливи или доколку камерите за сообраќаен надзор не можат да ги препознаат. Доволно е само една од табличките да биде нечитлива, без оглед на причината.
Со новите правила се предвидуваат и ограничувања за управување со автомобили со моќност над 340 коњски сили. Таквите автомобили ќе можат да ги возат само лица постари од 22 години, со најмалку 3 години возачко искуство.џ
Новите возачи ќе мора да постават посебна ознака на автомобилот во првата година по добивањето на возачката дозвола.
Построга контрола се предвидува и при полагањето на практичниот дел од возачкиот испит. Полагањето ќе се снима со таблетот на испитувачот и со преносна камера од 360 степени. Ќе се воведат и електронска идентификација преку QR-кодови и проверки со вештачка интелигенција.
Казните за паркирање на сообраќајни острови, на места за полнење електрични возила и за непочитување одредени сообраќајни знаци ќе се удвојат од 30 на 60 евра. За овие прекршоци ќе се укине мерката за одземање на возачката дозвола на 10 дена.
Построгите санкции за непрописно паркирање на места наменети за лица со попреченост остануваат во сила.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
