Семејството на 32-годишниот Кристијан Јосип Периш, кој почина во психијатриска клиника во Загреб, се откажа од барањето установата да го носи неговото име. Блиските ја сметаат најавената промена за лицемерна, бидејќи тврдат дека во клиниката сè уште работат луѓе што ги лажеле за околностите на неговата смрт.
Одлуката следува откако Градот Загреб најави дека ќе го разгледа барањето за преименување на Клиниката за психијатрија „Свети Иван“, објави „Јутарњи лист“.
Семејството нагласува дека преименувањето намерно било ставено на последното, петто место меѓу нивните барања.
Пред него биле поставени 4 други барања, поврзани со утврдување на одговорноста и со спречување слични трагедии.
„Семејството смета дека ова е чисто политизирање, бидејќи таму сè уште работат лица што нè лажеа за смртта на Кристијан. Во такви околности, самото преименување е лицемерно“, порачале неговите блиски.
Идејата клиниката да го добие името на Периш потекнала од неговата свршеница, а семејството првично ја прифатило.
Таа била во болницата кога Кристијан бил хоспитализиран, но персоналот ѝ рекол да си оди дома.
Семејството сега категорично го повлекува барањето, инсистирајќи најнапред да се утврди одговорноста на сите вмешани.
„Не сакаме никакво преименување, особено додека во установата работат луѓе што го прикривале кривичното дело и ни кажувале невистини“, наведуваат блиските на Периш.
Тие бараат истрагата да ги опфати и лицата за кои сметаат дека учествувале во прикривањето на случајот.
Семејството се сомнева дека не е случајно што градските власти покажале подготвеност да го разгледаат токму последното барање.
Блиските прашуваат и зошто Градот Загреб не презел мерки клиниката да иницира проверка на боледувањата на своите вработени.
Кристијан Јосип Периш почина на 21 октомври во Клиниката за психијатрија „Свети Иван“ во загрепската населба Јанкомир, откако бил физички врзан за време на болничкото лекување. Снимките од надзорните камери, објавени во медиумите, прикажуваат насилно постапување кон пациентот, вклучително и удари и притискање со перница врз неговото лице.
Четворица медицински техничари се осомничени за тешко убиство и им е одреден истражен притвор.
Здравствената инспекција утврди сериозни неправилности во примената и евидентирањето на мерките за физичко ограничување на пациентот. Снимките биле прегледани дури на 4 ноември, две недели по неговата смрт, а директорката на клиниката Мајда Грах поднесе оставка.
На 21 ноември илјадници граѓани се собраа на комеморација во центарот на Загреб, каде што кренаа бели перници во знак на протест и побараа одговорност за смртта на Периш.
Tagged as:
СЕМЕЈСТВОТО НА ПЕРИШ СЕ ОТКАЖА ОД ПРЕИМЕНУВАЊЕТО НА КЛИНИКАТА
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
