Компаниите и граѓаните речиси исто се задолжени во банките. Нивниот вкупен долг во октомври изнесувал 9,9 милијарди евра со тоа што долгот на компаниите изнесува 4,93 милијарди евра, а домаќинствата 4,95 милијарди евра. Истовремено нивните депозити во банките имаат вкупна вредност од 11,19 милијарди евра. Од нив 7,59 милијарди евра се депозити на граѓаните, а остатокот на компаниите.
Ова го покажуваат последните податоци на Народната банка.
Во извештајот за октомври Народна банка оценува дека депозитите на граѓаните во банките забрзано растеле, додека кредитирањето на домаќинствата и компаниите продолжило со двоцифрени годишни стапки.
Според овие податоци, депозитите на граѓаните се зголемени за 1,3% на месечно ниво, а на годишно ниво растот достигнува 9,4%.
Најголем придонес за зголемувањето имаат повисоките средства на трансакциските сметки.
Овој месец орочените депозити на домаќинствата бележат месечен раст од 0,6%, а нивната анализа покажува дека поголем дел е резултат на орочените средства на пократок рок. Но за годишниот раст од 5,7%,заслужни се долгорочно орочените депозити.
Истовремено, кредитите на домаќинствата се зголемени за 0,7% во однос на септември, додека годишниот раст изнесува 12,6%М

И натаму граѓаните најмногу се задолжуваат со потрошувачки и за станбени кредити, при што станбените кредити бележат годишен раст од 15,9%, а потрошувачките од 12,3%.
Овој месец, автомобилските кредити се намалени за 1,0% и 0,9% на месечно и на годишно ниво.
Кредитите одобрени на кредитни картички во овој месец не се промениле, но на годишна основа се намалиле за 2,6%.
Во октомври, негативните салда на тековните сметки се намалени за 4,3% на месечна основа, при годишен раст од 5,1%, додека кредитите одобрени врз други основи забележаа месечен и годишен пад од 1,0% односно 10,8%.

Кај компаниите, депозитите во октомври се намалени за 0,7 % на месечно ниво, но на годишна основа се повисоки за 9%. Кредитите на корпоративниот сектор, пак, бележат годишен раст од 16,1%.
Вкупните депозити се зголемени за 9,3% на годишно ниво, додека вкупната кредитна активност пораснала за 14,3%. Паричната маса М3 бележи годишен раст од 8,9%.
Tagged as:
2 МИЛИЈАРДИ ЕВРА ВО БАНКИТЕ ГРАЃАНИТЕ И КОМПАНИИТЕ ЧУВААТ 11
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
