Background

КРАЈ ЗА РАМПИТЕ НА АВТОПАТИТЕ, ЌЕ ПЛАЌАМЕ САМО ЗА ПОМИНАТАТА ДЕЛНИЦА

Патарините во Македонија би можеле целосно да го сменат досегашниот начин на наплата. Наместо запирање на наплатните рампи и плаќање однапред утврдена сума, возачите во иднина би плаќале според реално поминатите километри. Министерството за транспорт подготвува нов модел со електронска наплата, со кој би се укинале физичките наплатни станици.

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски најави дека при подготовката на законското решение ќе биде побарана експертска помош од Европската транспортна заедница. Целта, како што посочи, е да се воспостави поправеден и поефикасен систем, кој ќе овозможи побрз проток на возилата, пониски трошоци за корисниците и поголема безбедност во сообраќајот.

Николоски очекува предлог-законот да биде презентиран во текот на декември.

- Advertisement -
Ad image

Како пример за неправедноста на сегашниот систем, министерот ја посочи патарината кај Смоквица. Возач кој тргнува од Демир Капија кон Гевгелија плаќа 100 денари, исто колку и оној што доаѓа од Скопје, иако поминува значително подолга делница.

– – Во текот на вчерашниот ден, по враќањето од Виенскиот економски форум, имав средба со новиот претседател на Европската транспортна заедница, кој дојде во Скопје. Ова беше една од главните теми. Ќе вклучиме нивна експертиза и на тој начин би сакале да го изработиме законот имајќи предвид дека Хрватска во регионот се обидува да го примени овој систем, но сè уште го нема почнато. Во моментот почнува примената на обиколницата на Белград и тоа е горе-долу сè што можеме да видиме во регионот. Затоа ни е потребно искуство од понапредни европски држави и затоа сметав дека е корисно да го поканам, да ја презентираме нашата идеја и да вклучиме експерти од Европската транспортна заедница, кои заедно со нашите експерти ќе работат на овој закон – рече Николоски.

Според најавениот план, новиот модел најпрво би се применил на автопатот Кичево – Охрид, за кој министерот очекува целосно да биде пуштен во употреба во мај.

Во следните неколку недели треба да биде пуштен и најтешкиот дел од трасата, на кој се изградени четири галерии, мостови, вијадукти и најдолгите тунели.

По воведувањето на електронската наплата на оваа делница, системот би се проширил и на другите автопатски правци што се градат, меѓу кои Прилеп – Битола, Букојчани – Гостивар, Гостивар – Тетово и Кичево – Букојчани.

Засега станува збор за планиран модел, а конкретниот начин на мерење на поминатите километри, техничкото решение и тарифите допрва треба да бидат утврдени со новиот закон.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖