Background

ДАЛИ ЗНАЕВТЕ ДЕКА МАРТА СТЈУАРТ И СНУП ДОГ СЕ НАЈДОБРИ ДРУГАРИ?

Марта Стјуарт (85) откри интересни детали за своето долгогодишно пријателство со Снуп Дог (55). Иако на прв поглед изгледаат како необичен пар, двајцата се блиски речиси 20 години, а заедничките патувања им се една од омилените активности.

Стјуарт за нивното дружење зборуваше на прославата на 225-годишнината на весникот The New York Post, одржана во понеделникот во Њујорк.

На прашањето како би изгледал совршениот ден во градот со раперот, таа одговорила дека најпрво би го одвела на врвот на познатата зграда „Емпајер стејт билдинг“, а потоа во неколку музеи.

- Advertisement -
Ad image

Објаснила дека Снуп Дог сака да учи за уметноста, а се присетила и на нивните заеднички патувања.

– Го одведов во Сикстинската капела. Никогаш претходно не бил таму – раскажала Стјуарт. Заедно биле и во Милано, каде што му ја покажала славната слика „Тајната вечера“ на Леонардо да Винчи.

– Тоа се работи за кои сакам да го запознавам секогаш кога имам можност – објаснила таа.

Стјуарт открила и во кој ресторан би го одвела Снуп Дог на вечера во Њујорк. Признала дека раперот има прилично специфичен вкус кога станува збор за храната, но верува дека и таму би нашол нешто што ќе му се допадне. Нејзиниот избор е ресторанот Elio’s, на пресекот на 84-та улица и Втората авенија.

– Тоа е култен њујоршки ресторан со одлична храна. Сигурна сум дека таму би пронашол нешто вкусно што би му се допаднало – рекла таа.

На настанот Стјуарт им се придружила на главниот уредник на The New York Post, Кит Пул, и на гувернерката на сојузната држава Њујорк, Кети Хочул, при симболичното осветлување на „Емпајер стејт билдинг“ во црвена боја по повод годишнината на весникот.

– Ова е една од моите омилени згради. Отсекогаш била таква и голема чест ми е што учествувам во нејзиното осветлување – изјавила таа.

Стјуарт открила и дека The New York Post е еден од трите дневни весници што редовно ги чита.

Иако живее на голем имот во округот Вестчестер, Стјуарт се смета за вистинска Њујорчанка. Објаснила дека пораснала во Њу Џерси, недалеку од градот, а подоцна таму студирала, живеела како млада мажена жена и ја градела својата деловна кариера. Сепак, има една навика на жителите на Њујорк што особено ја нервира – паркирањето во втор и трет ред.

– Постојано сум во автомобилот бидејќи секој ден морам да одам на толку многу места. Тоа навистина ме нервира – рекла таа.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖