Инвестирањето во спортот, образованието и здравиот развој на младите генерации останува наш врвен стратешки приоритет
Инвестирањето во спортот, образованието и здравиот развој на младите генерации останува наш врвен стратешки приоритет.
Денеска во с. Лешани официјално го посетивме новоопремениот фитнес центар, проект реализиран преку исклучително значајната донација од почесниот конзул на Република Србија, г. Михајло Филев, на кого му упатувам длабока благодарност за подадената рака, пријателството и континуираната поддршка за нашата општина. Заедно со националната координаторка за туризам Билјана Стефаноска, директорката на ООУ „Дебрца“ Елена Ристоска и наставникот по физичка култура Горан Цветковиќ, извршивме увид во новите услови кои на учениците и на локалното население им обезбедуваат современ простор за квалитетна настава и активна рекреација.
Ваквите проекти се доказ дека со искрена волја и успешна соработка меѓу локалната самоуправа, образовните институции и меѓународните партнери, создаваме европски стандарди и во руралните средини. Нашата цел е јасна – на младите да им понудиме квалитетни услови за живот, спорт и напредок токму тука, во нивниот роден крај.
Овој чекор е потврда за нашата посветеност кон рамномерен развој на сите населени места. Продолжуваме одговорно и посветено со реализација на вакви современи спортски содржини и во останатите делови на Општина Дебрца.