Background

Албанскиот премиер Еди Рама смета дека внесувањето на Бугарите во Уставот на Македонија е неопходност што произлегува од договорот постигнат меѓу Скопје и Софија со француско посредувањe

Албанскиот премиер Еди Рама смета дека внесувањето на Бугарите во Уставот на Македонија е неопходност што произлегува од договорот постигнат меѓу Скопје и Софија со француско посредување. Ова го изјави во интервју за Бугарската национална телевизија (БНТ), во кое зборуваше за односите во регионот, европската интеграција и за политичката состојба во Албанија.

На прашањето дали и понатаму има причини за несогласувања со бугарското раководство, со оглед на тоа што пред 3 години изјави дека не се согласува целосно со Софија, Рама одговори негативно.

Тој рече дека тогаш околностите биле поинакви и дека сега нема причина за спор.

- Advertisement -
Ad image

– Не. Не, бидејќи тогаш, како што се сеќавате, стануваше збор за ситуацијата пред таканаречениот договор меѓу Бугарија и Северна Македонија, постигнат со француско посредништво. Сметам дека сега нема причина за несогласување, бидејќи потребата бугарското малцинство да биде внесено во Уставот на Северна Македонија е сосема јасна. Тоа произлезе од договорот меѓу двете земји – рече Рама.

Албанскиот премиер во интервјуто порача и дека Албанија нема проблеми со Бугарија, нагласувајќи дека прашањето за уставните измени во Македонија за него е веќе дефинирано со постигнатиот договор.

Рама зборуваше и за антивладините протести во Албанија, кои траат речиси 6 месеци. Демонстрациите, наречени „Фламинго револуција“, почнаа по контроверзноста околу инвестициски проект поврзан со Џаред Кушнер, зет на американскиот претседател Доналд Трамп, а подоцна прераснаа во пошироко незадоволство од корупцијата во државата, со барања за оставка на премиерот.

Рама оцени дека протестите постепено стивнуваат и дека бројот на демонстранти се намалува.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖