Папата Лав XIV бил погоден во окото со бројаница додека ја обиколувал престолнината на Перу. На видеоснимката од инцидентот се гледа поглаварот на Католичката црква како се држи за лицето откако предмет фрлен од толпата го погодил во близина на окото.
Папата ја продолжил обиколката и немало знаци дека е повреден. Тој бил на пат кон воздухопловната база „Лас Палмас“, каде што требало да одржи проштална миса, кога еден од верниците фрлил бројаница кон него. Инцидентот се случил во последниот ден од неговата 12-дневна турнеја низ Јужна Америка.
Во својата проповед во Лима, папата им се заблагодарил на Перуанците за гостопримството за време на неговата шестдневна посета на земјата, која ја нарекол своја татковина. На завршната миса во Перу присуствувале околу еден милион луѓе. Лав XIV ја опишал земјата и како своја втора татковина.
Неговата турнеја ги опфатила Уругвај, Аргентина и Перу. Иако е роден во Чикаго, Лав поминал четири децении патувајќи и живеејќи во Перу, откако пристигнал во земјата во 1985 година, на 29-годишна возраст, како августински мисионер.
Со овој инцидент завршила и серијата успешни моменти во кои папата успевал да фати предмети што верниците му ги фрлале од толпата. Како што објави Ројтерс, предметот што изгледал како бројаница го погодил во близина на окото при пристигнувањето на прошталната миса во Перу.
Лав XIV е првиот папа роден во САД, но и првиот поглавар на Католичката црква кој има и перуанско државјанство.
Tagged as:
Објавена снимка од инцидентот во Перу
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
