Новите правила за ДДВ во Германија би можеле да ја опфатат и продажбата на колбаси на селските прослави организирани од доброволни пожарникари. Таканаречениот данок на братвурст (Bratwurststeuer) предизвика критики, а некои политичари бараат одложување на спроведувањето или дополнителни ослободувања за локалните волонтери.
Од 1 јануари, во сите германски општини треба да се применуваат нови правила според кои јавните власти (општини, сектори во нив…) генерално стануваат обврзани за ДДВ кога вршат економски активности. Ова би можело да влијае и на доброволните противпожарни служби кои собираат пари за својата работа со продажба на храна на локални настани.
Промените произлегуваат од член 2.б од германскиот Закон за ДДВ, чија примена веќе е одложена неколку пати.
Доколку противпожарната служба работи како дел од општината, а не како независно здружение, според новите правила, таа би морала да пресметува ДДВ за продажбата на вакви настани.
Од 1 јануари 2026 година, Доколку се применува данокот, продажбата на храна (како братвурст или колачи) подлежи на повластена стапка од 7%, додека за пијалаците (пиво, сокови) стапката изнесува 19%.
Но, со даночната обврска доаѓа и администрацијата: потребно е да се водат детални евиденции за продажбата и да се издаваат фактури.
На порталот Kommunal.de, Кристијан Ерхардт-Мацејевски ги коментираше промените со сатиричен текст насловен како „Ура, даночната администрација ги става пожарникарите на скара“.
„Веќе можам да замислам што ќе се случи сега: најснаодливите единици ќе формираат здружение за поддршка за да можат сè уште да продаваат колбаси. Прославата на противпожарната бригада станува прослава на здружението, мајсторот за скара се претвора во благајник, а сенфот станува прашање што треба да се регулира со закон. Во Германија се раѓа сосема нова форма на волонтирање: наоѓање начини да се заобиколи даночната администрација“, пишува Ерхардт-Мацејевски.
Во парламентот на сојузната покраина Шлезвиг-Холштајн, ЦДУ, Зелените и ФДП бараат одложување на примената на новите правила или воведување дополнителни ослободувања.
– Ако колбасот на велигденскиот оган стане предмет за даночната администрација, нешто сериозно тргнало наопаку – рече, според НДР, претседателот на клубот на претставници на ФДП, Кристофер Фогт.
Фогт ја повика покраинската влада во Кил „итно да им обезбеди поддршка на локалните волонтери“.
Во Северна Рајна-Вестфалија веќе презедоа одредени чекори. Тамошниот министер за финансии, Маркус Оптендренк, според извештаите во медиумите, издаде декрет со кој се разјаснува дека продажбата на колбаси организирани од доброволни противпожарни бригади треба да биде ослободена од ДДВ.
– Секој што волонтира во локалната противпожарна служба заслужува ветер на грб, а не документација – рече Оптендренк.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
