Background

Руски авиони прелетаа кај три азиски земји

Неочекувана воздушна тревога го вознемири Далечниот Исток непосредно пред големиот економски самит во Кина. Руски воени авиони предизвикаа реакции во Јапонија, Јужна Кореја и во Тајван, додека Токио упати остар дипломатски протест до Москва.

Два авиона за кои се претпоставува дека се руски го нарушиле јапонскиот воздушен простор во раните утрински часови. Јапонските вооружени сили веднаш подигнале борбени авиони и испратиле предупредувања, објави Ројтерс.

Според јапонското Министерство за одбрана, леталата навлегле во воздушниот простор северозападно од островот Окиношима, во близина на префектурата Фукуока.

- Advertisement -
Ad image

Првиот авион го нарушил воздушниот простор од 4:07 до 4:10 часот, додека вториот бил регистриран од 4:09 до 4:12 часот по локално време.

Јапонскиот главен секретар на кабинетот Минору Кихара остро реагираше на инцидентот.

– Нарушувањето на нашиот воздушен простор е сериозно повредување на суверенитетот на Јапонија. Тоа претставува закана за нашата безбедност и е целосно неприфатливо – изјави Кихара.

Токио испратил дипломатски протест до Москва и побарал мерки за да не се повтори ваков инцидент.

По прелетот над јапонските територијални води, двата авиона продолжиле низ Цушимскиот Теснец. Потоа минале меѓу јапонскиот остров Јонагуни и Тајван, продолжувајќи кон Тихиот Океан.

Јужна Кореја истото утро пријави навлегување на неколку руски воени авиони во својата зона за идентификација на воздушната одбрана.

Јужнокорејската војска подигнала борбени авиони, но нагласи дека руски летала не го нарушиле суверениот воздушен простор на земјата.

Тревога имало и во Тајван, каде што Министерството за одбрана регистрирало два руски воени авиона во зоната за идентификација на воздушната одбрана.

Тајванските сили го следеле нивното движење, од североисточниот дел на островот до нивното излегување од зоната кон југоисток.

Инцидентите се случија на 17 ноември, само еден ден пред почетокот на самитот на Азиско-пацифичката економска соработка (АПЕК) во кинескиот град Шенжен.

На самитот се очекуваат рускиот претседател Владимир Путин, американскиот претседател Доналд Трамп и кинескиот претседател Си Џинпинг.

Последниот претходно потврден упад на руски авион во јапонскиот воздушен простор бил регистриран во септември 2024 година.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖