Background

Роберт Патинсон е избран за новиот Џејмс Бонд и ќе го наследи Даниел Крег во улогата на легендарниот британски таен агент

Роберт Патинсон е избран за новиот Џејмс Бонд и ќе го наследи Даниел Крег во улогата на легендарниот британски таен агент. Одлуката официјално ја објави „Amazon MGM Studios“, а актерот ќе биде седмиот што ќе го толкува агентот 007 на големото платно.

– Џејмс Бонд е еден од најлегендарните ликови во кинематографијата. Да ми биде доверена улогата на 007 е најголемата чест во животот – изјави 40-годишниот Патинсон. Тој додаде дека е благодарен за довербата и дека едвај чека да започне соработката со филмскиот тим.

Новиот филм ќе го режира Денис Вилнев, познат по филмовите „Дина“, „Пристигнување“ и „Блејд ранер 2049“, а сценариото го потпишува Стивен Најт, креаторот на серијата „Пики Блајндерс“.

- Advertisement -
Ad image

Вилнев го поздрави изборот на Патинсон, опишувајќи го како актер со безвременска душа на агентот 007, но и со сосема нова енергија. Тој откри дека имало повеќе талентирани кандидати, но дека на крајот можел да биде избран само еден Бонд.

Ова ќе биде првиот филм за Бонд откако „Amazon MGM Studios“ ја презеде креативната контрола врз франшизата во 2025 година, по договорот со долгогодишните продуценти Барбара Броколи и Мајкл Џ. Вилсон. Новиот филм ќе биде 26. официјално остварување во серијалот, кој започна во 1962 година со „Д-р Но“.

Патинсон одамна не е само вампирот Едвард Кален од „Самрак“. Неговата филмска кариера започна да привлекува внимание уште во 2005 година, кога го играше Седрик Дигори во „Хари Потер и Огнениот пехар“. Улогата во вампирската сага, која започна во 2008 година, го претвори во светска ѕвезда, но тој потоа намерно се оддалечи од тинејџерскиот имиџ и се посвети на поинакви, често необични филмски проекти.

Работеше со режисери како Дејвид Кроненберг, браќата Сафди и Роберт Егерс, а во „Тенет“ на Кристофер Нолан покажа дека одлично се снаоѓа и во големи акциски продукции. Во 2022 година го облече костимот на Бетмен во филмот на Мет Ривс, а сега го очекува уште една од најпрепознатливите улоги во филмската историја.

Интересно е што Патинсон има уште една соработка со Вилнев. Во „Дина: Трет дел“, чија премиера е најавена за 18 декември 2026 година, тој го игра Сцитал, антагонист од романот „Месија на Дина“ на Френк Херберт. Воедно, актерот работи и на продолжението на „Бетмен“, кое е планирано за 2028 година.

Со изборот на Патинсон, франшизата за Бонд влегува во нова ера – овојпат со актер кој веќе има светска слава, но и репутација на уметник кој сака да ги менува жанровите и да ги изненадува гледачите.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖