Background

ПОБАРАН ПРИТВОР ЗА БИТОЛЧАНЕЦОТ КОЈ ЈА ДАВЕЛ ДЕВОЈКАТА

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против 24-годишниот К.У. поради сомнение дека ја нападнал и телесно ја повредил својата девојка, која има 21 година. Јавниот обвинител побара од Судот да му биде одреден притвор, посочувајќи дека осомничениот се обидел да го избегне кривичниот прогон откако дознал дека е пријавен во полиција.

Според обвинителството, нападот се случил на 10 ноември во домот на осомничениот. По расправија, тој започнал да ја дави девојката, а потоа ја удирал со тупаници и шлаканици по главата и телото.

Против него се води постапка за кривичното дело „Телесна повреда“ од член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

- Advertisement -
Ad image

Обвинителот побарал притвор поради опасност од бегство и ризик постапката да не може непречено да се води. Како особено значајна околност го посочил фактот дека осомничениот, откако дознал дека е пријавен, избегал од полициската станица.

Девојката пријавила дека подолго време трпела насилство и закани

Случајот бил пријавен на 10 ноември, кога 21-годишна битолчанка се обратила во СВР Битола и пријавила дека околу 17 часот била физички нападната од својот партнер К.У.

Според тогашните информации од МВР, девојката пријавила дека подолг период била изложена на физичко и психичко малтретирање и дека партнерот ѝ упатувал закани.

Во полициската станица К.У. дошол доброволно, придружуван од родител. Но, додека полициските службеници преземале дејствија за да го лишат од слобода, тој избегал низ отворен прозорец од просторијата во која се наоѓал.

По бегството, МВР започна потрага по него, а беше активирана и внатрешната контрола за да се испита како успеал да ја напушти полициската станица.

Мајката Бети Ангеловска јавно алармираше за насилството

Случајот доби пошироко внимание откако мајката на девојката, Бети Ангеловска, јавно проговори за она што, според нејзините тврдења, ќерката го трпела во врската.

Ангеловска преку објава на социјалните мрежи алармираше дека нејзината ќерка подолго време била изложена на физичко и психичко насилство и дека стравот ја спречувал да го пријави партнерот порано.

Во медиумските извештаи се наведува дека девојката пријавила насилство што траело околу година и половина, како и закани по живот. Овие податоци се пренесени како нејзин исказ и како тврдења на нејзината мајка

По пет дена бегство сам се предал во полиција

К.У. беше недостапен за полицијата пет дена, а на 16 ноември доброволно се предаде во СВР Битола, во 12 часот.

Од МВР тогаш информираа дека предавањето било овозможено по преземени мерки во координација со неговиот бранител и Основното јавно обвинителство Битола. По предавањето бил лишен од слобода, а со него бил извршен службен разговор од инспектори на криминалистичката полиција.

Против него претходно, на 11 ноември, била поднесена кривична пријава за „Загрозување при семејно насилство“ од член 144 став 3 и „Телесна повреда при семејно насилство“ од член 130 став 2. Во најновото соопштение, Обвинителството информира дека повело постапка за телесна повреда.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖